„Стапивме во брак кај Трифкова колиба, а до олтарот кој беше направен од стари скии ме донесе ратрак украсен со балони. По потпишувањето и честитките, поминавме низ уште еден коридор од пријатели кои држеа скијачки стапчиња над нас, застанавме зад ратракот и сите заедно во еден здив почнавме со спуштање по падините на Маврово држејќи запалени сигнални стапчиња во раце“ - раскажува за CRNOBELO.com Јелена од Белград, за свадбата со саканиот Филип од Скопје.