„На истиот датум, пред 5 години, го родив и првиот син, на истото место, исто така во базен со вода. Водата е навистина нешто најдобро што може да ти се случи како родилка - го опушта телото, а болките се многу помали. Надвор од базенот болките ги оценив со 10-ка, а кога влегов внатре се намалија на 4“ - раскажува Вишна од Кавадарци за CRNOBELO.com, која пред неколку дена го роди и своето второ дете во вода, во болница во Битола.