Ребека за родителите на деца со ретка болест: „Дијагнозата на твоето дете те менува како личност“
- Детали
- сабота, 15 февруари 2025
„Не дозволувај дијагнозата на твоето дете да те предодреди тебе како личност. Ова е нешто што често се слуша, што често се дава како совет. Но, тој совет не е реален. Слушањето на дијагнозата на твоето дете го менува животот, менува сè што мислеше дека знаеш пред да ги чуеш тие зборови...“, Ребека Јанковска-Ристески од името на сите родители на деца со ретки болести.
Таа е дел од Националната алијанса за ретки болести, таа е мајка, жена, кралица, борец кој со својата сила поместува планини и ги мотивира и другите.
Постојано се бори за правата на лицата со ретки болести и за правата на својот син Маркијан.
Ребека Јанковска-Ристески со сопругот Милан го имаат синот Маркијан (18) и близнаците Макариј и Доротеј, кои имаат 11 години.
Сега, таа сподели емотивна објава на Фејсбук, која не е напишана од неа, но во која се пронашла и вели дека тоа е: „Порака од нас, родителите на деца со ретка болест...“
Пораката гласи:
„Не дозволувај дијагнозата на твоето дете да те предодреди тебе како личност.
Ова е нешто што често се слуша, што често се дава како совет.
Но, тој совет не е реален.
Слушањето на дијагнозата на твоето дете го менува животот,
менува сè што мислеше дека знаеш, пред да ги чуеш тие зборови.
Го менува начинот на кој го гледаш светот и она што некогаш ти беше важно.
Го менува начинот на кој се носиш со незамисливи препреки.
Те тера да живееш во борбен режим, затоа што бегството не е опција.
Таа дијагноза направи да почувствуваш болка што не може да се опише,
болка што не дозволува ништо помалку од тоа да те скрши.
Таа дијагноза,
стана дел од тебе.
Не можеше да спречиш да ти ја промени личноста, дури и да се обидеш.
И не треба да се обидуваш.
Таа дијагноза те направи непоколеблив,
те натера да љубиш посилно отколку што некогаш мислеше дека е можно,
и те направи силен.
Оној вид на сила кој ти будеше завист кога го гледаше кај другите,
оној вид на сила што никогаш не можеше да замислиш дека ќе го поседуваш.
Таа дијагноза,
те направи сè што требаше да бидеш за своето дете.
Затоа, дозволи ѝ.
Дозволи таа дијагноза да стане дел од твојата личност.
Затоа што токму силата од тоа те движи напред секој ден“.
Прочитајте и Ребека му го прослави 17-тиот роденден на Маркијан, а класниот раководител на синот повторно ја трогна: „Внесуваш сонце“
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_113800_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_108891_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_114840_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_112502_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_110000_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_112920_400.jpg)