Ребека му го прослави 17-тиот роденден на Маркијан, а класниот раководител на синот повторно ја трогна: „Внесуваш сонце“
- Детали
- четврток, 09 ноември 2023
„Навистина немаме зборови за твоите заложби Александар. Пример кој ретко се среќава. Во животот на Маркијан малкумина, всушност беа само 3, 4 луѓе (едукатори) кои можам да ги одвојам како човечки суштества кои сакаа да внесат сонце...“, гласи дел од емотивната објава на Ребека по роденденот на Маркијан, кој го прослави со сопругот и близнаците.
Ребека еднаш веќе го пофали класниот раководител на Маркијан од средното специјално училиште Св. Наум Охридски, а сега тоа го направи одново откако тој за роденденот на Маркијан му направил специјален кетеринг.
Таа го нарече – личност која внесува сонце во животот на нејзиниот син и во животот на сите деца со попречености.
Нејзината објава, по роденденската забава на Маркијан, гласи:
„Наставникот Александар повторно нè изненади со прекрасно подготвена храна за роденденот на Маркијан. Добивме ВИП кетеринг, сработен од срце.
Тортата беше исто така негова изработка.
Навистина немаме зборови за твоите заложби Александар. Пример кој ретко се среќава.
Во животот на Маркијан малкумина, всушност беа само 3, 4 луѓе (едукатори) кои можам да ги одвојам како човечки суштества кои сакаа да внесат сонце, радост и без тоа ние да го побараме од нив.
Ви се поклонувам на сите, а денес мојот пост го посветувам на Aлександар“.