Кенијката Емакулате ѝ го прослави роденденот на ќерката во Барселона - Розова торта, забава во музејот на слатките
- Детали
- четврток, 13 март 2025
„Ова се најубавите 4 години од нашите животи, и ова е само почетокот. За уште бескрајно многу убави моменти, среќен роденден, малечка!“ - напиша Емакулате од Кенија, која со сопругот Михајло ѝ приреди незаборавен роденден на ќерката Дариа.
Емакулате Вандера Блажеска, Кенијката која веќе 7 години живее во Скопје, со сопругот Михајло и ќеркичката Дариа е во Барселона.
Овој пат причината за семејното патување е роденденот на малата Дариа, која наполни 4 години.
Ема, како што ја викаат пријателите кај нас, и Михајло, решија на ќеркичката да ѝ приредат незаборавно доживување за роденденот.
Тие ја одведоа во розово кафуле, каде што Дариа доби розова торта со свеќичка.
Потоа отидоа во музејот на забавата, Sweet Museum, каде што се фотографираа на многуте шарени и интересни реквизити.
Па така, девојчето јаваше на розов бик и на еднорог, со мајка ѝ „влегоа“ во огромни кломпи во вид на бубамара, а со татко ѝ „се криеја“ во фиока.
„Дариче, секој ден ни ги полниш нашите срца со толку многу љубов и среќа.
Ова се најубавите 4 години од нашите животи, и ова е само почетокот.
За уште бескрајно многу убави моменти, среќен роденден, малечка!“ - напиша Емакулате на Инстаграм.
Таа објави и видео на Инстаграм Стори како среде Барселона танцува со ќерка си.
„Среќен роденден на мојот партнер за танц“ - напиша таа.
Погледнете ги фотографиите:
Прочитајте и Емакулате - Кенијката од нашите ТВ екрани: „Си дадов отказ од работата учителка и станав водителка“
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





