Ребека: „Класниот раководител на син ми Маркијан, каде тој учи за помошник кувар, ми го разубави денот“
- Детали
- четврток, 19 октомври 2023
„Александар е класниот раководител на Маркијан во средното специјално училиште Св. Наум Охридски, каде што Маркијан учи за помошник кувар. Секогаш насмеан и покрај предизвиците. Овојпат се месеше лепче...“, вели Ребека во емотивната објава, трогната од овој професионалец.
Пејачката и активистка Ребека Јанковска Ристески не мирува и постојано се труди на својот син Маркијан (17) да му обезбеди подобар живот и услови во нашата држава, но се бори за истото и за сите деца и тинејџери кои се соочуваат со некаков тип на попреченост.
Но, таа покрај критиките за сè што не чини кога станува збор за условите за овие лица во нашата држава, секогаш има убав збор за секој што на каков било начин со своето залагање ќе придонесе за нивната среќа и развој.
Така, овојпат таа го пофали класниот раководител на Маркијан од средното специјално училиште Св. Наум Охридски.
Објавата на Ребека гласи:
„АЛЕКСАНДАР е за мене човекот кој ми го разубави денот!
Тој е класниот раководител на Маркијан во средното специјално училиште Св. Наум Охридски, каде што Маркијан учи за помошник кувар.
Секогаш насмеан и расположен и покрај сите предизвици.
Овојпат се месеше лепче, правеа сендвичи и пица. Од човекот зависи, нели?!“
https://www.facebook.com/rebeka.risteski/posts/pfbid032Cod8Bum5PpqZmJZJgVr31CJqaJ6yAHdZpA69SyrzZGJJDXGUsSNHZPRY6WVX1XCl
С. С. | Црнобело