Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Моника С. Арсова: „Се разбудив од операција и си помислив ‘Мојата ќерка Никче да ме види без штаките’“

„Како мало дете кога проодува, така и јас со страв и нецелосна доверба ги правам сега првите чекори без штаки, по операцијата. Му благодарам на мојот херој, на мојот доктор професор Виктор Камнар и на сите добри луѓе кои донираа за мене“, вели Моника Стошиќ Арсова.

monika-s-arsova-se-razbudiv-od-operacija-i-si-pomisliv-mojata-kjerka-nikche-da-me-vidi-bez-shtakite-01.jpg

Моника Стошиќ Арсова имаше операција кај проф. д-р Виктор Камнар и ѝ се оствари долгоочекуваниот сон, поради донациите од хуманите луѓе од Македонија кои ѝ ја овозможија оваа операција, таа сега ќе може конечно да оди без штаки.

Моника користeла штаки и помагала за движење повеќе од 10 години и конечно доби можност со операција да се ослободи од нив. Таа е мајка на малата Ника и конечно може наместо штаките да ја држи ќерќичката за рака.

Кај Моника била дијагностицирана аневризмална коскена циста, промена настаната како резултат на повреда, која настанала пред повеќе од 10 години кога Моника играла професионално ракомет.

После долги години рехабилитации, вежби, користење на различни помагала, Моника добива можност со хируршка интервенција конечно да заборави на сето тоа и самата да застане на нозе.

Операцијата била единствена шанса за решавање на проблемот и Моника го доживеа остварувањето на својот сон, благодарение на хуманите Македонци.

monika-s-arsova-se-razbudiv-od-operacija-i-si-pomisliv-mojata-kjerka-nikche-da-me-vidi-bez-shtakite-02.jpg

За ова искуство Моника на нејзиниот Фејсбук профил вели:

„После многу чекање, после толку мисли, убави и неубави, после минување низ процесот на собирање средства за операцијата, сакам да ве поздравам и да ви кажам дека се случи.

Операцијата траеше околу 5-6 часа, барем така ми кажаа, а кога се разбудив само си помислив: „Мојата ќерка Никче да ме види без штаките“.

Сите болки, непријатности, сите така да ги наречам трауми, кои ги поминавме јас и моето семејство во сè ова што се случуваше, ќе кажам само се исплатеше!

Јас сум добро, силна како и досега, иако сега доаѓа потежок период за мене, но знам дека со верба во Бога ќе помине и ова.

monika-s-arsova-se-razbudiv-od-operacija-i-si-pomisliv-mojata-kjerka-nikche-da-me-vidi-bez-shtakite-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Виктор од Велес: „Моментално се грижам за 60 кучиња, како и за 3 спасени коњи, 2 кози и една овца“ „Моментално имам свое прифатилиште каде се грижам за повеќе од 60 кучиња, сите с...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Јелена Спенџарска објави видео за токсични врски - жена ѝ вели: „Имам пеколен брак, ама каде да одам... „Мојот телефон е повеќе негов отколку што е мој. Да види дали сум додала некој д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg