Хит видео на Александар Михајловски има 1.5 милион лајкови - Дали ова е најлајкуваното македонско видео?
- Детали
- четврток, 20 февруари 2025
Синот на Тони Михајловски дефинитивно има смисла за хумор и талент за глума, а неговото хит видео слатко ја насмеа цела Македонија.
Александар Михајловски е наш врвен актер, чии брилијантни изведби можете да ги гледате на сцената на Македонскиот народен театар, но и човек со одлична смисла за хумор.
Синот на Тони Михајловски не е многу активен со објави во последно време на неговиот Инстаграм профил, каде има повеќе од 55.000 следбеници, но негово видео објавено во мај 2024 стана неверојатен вирален хит и можеби едно од најлајкуваните македонски видеа.
Видеото на кое се шегува на темата: „Како мислам дека изгледам кога вежбам vs. како навистина изгледам“ има неверојатни 1.5 милиони лајкови.
Очигледно многу луѓе се препознале во ова хит видео и до ден денес е причина за слатко да се насмееме.
Инаку, Александар постојано е активен со нови театарски претстави.
Погледнете го хит видеото (кликнете на него):
Александар неодамна гостуваше во емисијата „Нешто конкретно“ на Снеже Велков, каде говори на повеќе теми.
Погледнете го неговото гостување:
;Погледнете повеќе забави видеа од него - Синот на Тони Михајловски летото го поминува во спортски дух – Најзабавните видеа од неговите подвизи во теретана
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





