Синот на Тони Михајловски летото го поминува во спортски дух – Најзабавните видеа од неговите подвизи во теретана
- Детали
- четврток, 25 јули 2024
Александар Михајловски е вистински пример за младите. Трча маратони, се пријавува на спортски предизвици, а на Инстаграм знае да објави и по некое видео од неговите подвизи во теретана со кои знае слатко да ве насмее.
Синот на Тони Михајловски, актерот Александар Михајловски, освен што покажа дека го наследил талентот за глума од својот познат татко, често учествува на спортски предизвици и промовира здрав начин на живот.
Александар трчаше на Скопскиот маратон, a потоа беше дел од трката до Титов Врв, од каде објави видео како трча со последните сили.
Тој ги продолжи своите спортски подвизи, па во текот на изминатите денови беше дел и од спортскиот натпревар Invictus Challenge што се одржа на Копаоник во Србија.
Александар на својот Инстаграм профил редовно споделува фотки од спортските подвизи во кои учествува, а очигледно тие му се инспирација и за смешните видео скечеви кои ги објавува.
Актерот често знае да се пошегува на своја сметка, па да објави како навистина изгледа додека вежба и се труди да одржи здрав дух во здраво тело.
Погледнете дел од неговите најзабавни видеа:
Б. С. Б. | Црнобело