Хит видео: Македонка со секира отцепи парче мраз и влезе во ледената вода
- Детали
- понеделник, 27 јануари 2025
Бетика, облечена во црно монокини, кршеше замрзнато езерце среде планина и влезе во ледената вода. Во една пригода, таа за CRNOBELO.com сподели како почнала со оваа практика: „На 18 години ме прегази автомобил, животот ми беше уништен...“
Бети Котовчевска од Ресен, позната како ледената Македонка Бетика, на Инстаграм објави хит видео од уште една нејзина ледена авантура.
Таа среде планина, облечена во црно монокини, со секира отцепи парче мраз во кружна форма и влезе во водата под него.
Храбрата Бетика во описот на видеото напиша:
„Срце чисто, пречисто како лед среде планина“.
Во интервју за CRNOBELO.com Бетика во една пригода сподели:
„На 18 години ме прегази автомобил, животот ми беше уништен, бев во депресија и качив 20kg... Но, најдов лек во влегувањето во ледени води. Мојот личен рекорд е капење на -33°C во Финска, Лапонија, каде што живеев 2 години.
Во Македонија кршам замрзнати езерца за да влезам. Идол ми е Вим Хоф и го следам неговото учење“.
Кликнете на видеото:
Прочитајте и Храни лисица, се бања во када со мраз на отворено: Бетика ужива на одмор од соништата
С. С. | Црнобело