„Сине, Леон мој... Никој не слушна како срцето ми пукаше синхронизирано со твојот плач. Никој не виде како во моето молчење се криеја стотици прашања, а во твојата тишина се криеше повик за помош. Денес, на 2 април, не ти честитам... Ти се поклонувам. Што издржа. Што не се откажа“, му се обраќа Амела Мемиш Апостоловска на синот на светскиот ден за подигнување на свеста за аутизмот.