Успешни и популарни: Кои се најпознатите сестра+брат на македонската јавна сцена?

Освен што се популарни, делат и иста ДНК. Ова се најпознатите брат + сестра на нашата јавна сцена.

uspeshni-i-popularni-koi-se-najpoznatite-sestra-brat-na-makedonskata-javna-scena-01.jpg

Велат, врската помеѓу братот и сестрата е нераскинлива, понекогаш дури и посилна отколку онаа на две сестри или на двајца браќа.

Братот и сестрата се чуваат едни со други (почесто братот е заштитник на сестрата, без оглед кој е постар), се поддржуваат во сè што прават и се радуваат на своите успеси.

Исклучок не се ни познатите - па освен наши сестри кои имаат јавна професија, и македонски браќа кои се популарни, на домашната јавна сцена има неколку случаи на успешни брат+сестра, кои се секогаш тука еден за друг.

Кои се најпознатите сестра+брат на јавната сцена во Македонија?

Лазар и Магдалена Ена Цветковски

Лазар е еден од најпознатите композитори и продуценти во земјава.

Тој повеќе од 20 години создава хитови, а соработува со Лозано, ДНК, Слаткаристика, Антониа Гиговска и многу други.

Неговата сестра, Магдалена Ена Цветковска е пејачка и текстописец.

Таа членуваше во групата 4Play, а се потпишува како автор на повеќето текстови на песните кои ги создал нејзиниот брат.

uspeshni-i-popularni-koi-se-najpoznatite-sestra-brat-na-makedonskata-javna-scena-05.jpg

Бобан и Андријана Илиоски

Бобан Илиоски е светски и европски шампион во кик-бокс, а од неодамна има и своја школа за деца кои сакаат да се занимаваат со овој спорт.

Негова најголема поддршка (но и тој нејзина) е сестрата Андријана, која е модел со интернационална кариера.

uspeshni-i-popularni-koi-se-najpoznatite-sestra-brat-na-makedonskata-javna-scena-03.jpg

Никола и Јана Серафимови

Никола Серафимов е еден од нашите најдобри млади фудбалери.

Настапува за македонската репрезентација, а игра за унгарскиот клуб Fehervar.

Јана, пак, е спортски новинар и автор на емисијата „Ферплеј со Јана“, но и презентер на спортски вести.

uspeshni-i-popularni-koi-se-najpoznatite-sestra-brat-na-makedonskata-javna-scena-02.jpg

Бени и Нора Шаќири

Арбен Бени Шаќири со години е дел од музичката сцена кај нас, основач на групата „Нон стоп“.

Неговата помлада сестра Нора е поранешна телевизиска водителка и новинар.

Таа оди често на настапите на својот брат и споделува фотографии и видеа со него.

uspeshni-i-popularni-koi-se-najpoznatite-sestra-brat-na-makedonskata-javna-scena-04.jpg

Влатко и Марија Лозаноски

Влатко Лозаноски Лозано со години е еден од најпопуларните и најбарани македонски пејачи.

Неговата сестра Марија, пак, е писателка (автор на „Големото Л“ и „Другата“), но и текстописец.  

uspeshni-i-popularni-koi-se-najpoznatite-sestra-brat-na-makedonskata-javna-scena-06.jpg

Прочитајте и Кои се најпознатите сестри на македонската јавна сцена?

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Андреј и Панчо среде улица пеат со група пензионерки: „Нè сретнаа во населбата Илинден, да се има ба... „Денес, снимајќи видео за ДНК, случајно се сретнавме со група пензионерки кои нè...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Фан на ДНК за повредените членови: „Панчо те чекам на гушкање, Горан не се давај мали - ќе ти попушт... „По долги години обожавање на ДНК конечно дојде на ред да ве видам во живо. На п...
Јелена Спенџарска објави видео за токсични врски - жена ѝ вели: „Имам пеколен брак, ама каде да одам... „Мојот телефон е повеќе негов отколку што е мој. Да види дали сум додала некој д...
Кирил Ангелов, жртва на педофил од Велес: „Сѐ уште ги мирисам лигите на Сеништето по мојот врат доде... „Добар ден, имате ли парфем кој мириса на Црква? На темјан? Се чудат... Како да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg