Кои се најпознатите сестри на македонската јавна сцена?

Освен иста професија, делат и иста ДНК. Ова се најпознатите сестри во Македонија.

koi-se-najpoznatite-sestri-na-makedonskata-javna-scena-001.jpg

Сестрата е најдобар пријател во секоја ситуација.

Да се порасне со сестра значи да растеш со другарка која со тебе ќе биде цел живот, онаа поради која секогаш ќе имаш што да облечеш или ќе те научи како да се нашминкаш.

Велат: „Сестрите кои се поддржуваат - остануваат заедно". 

Овие познати личности од Македонија се вистински пример дека оваа поговорка е точна.  

Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ

И двете се успешни пејачки, популарни низ целиот регион.

Тие се плод на љубовта меѓу професорот по контрабас Велко Тодевски и некогашната оперска пејачка Брана Тодевска. 

Тамара е помала од Тијана 9 години.

Ана и Јана Стојановски

Едни од најдобрите млади актерки кај нас, Ана и Јана Стојановски, се ќерки на познатиот актерски пар Силвија и Ненад Стојановски.

Нивен дедо е еден од првите дипломирани актери во земјава, Ацо Јовановски. 

Разликата меѓу Ана и Јана е 4 години. 

Натали, Радица и Марија Грубовиќ

Едни од најубавите сестри на нашата естрада се сестрите Грубовиќ. 

Нивни родители се еден од основоположниците на трансфузиолошката служба во Македонија, прим. д-р Милош Грубовиќ и професорката Илина Грубовиќ. 

Натали стекна огромна популарност со водењето на Бинго заедно со Игор Џамбазов. 

Радица е доктор на медицински науки, супспецијалист, раководител на Институтот за трансфузиона медицина Скопје и претседател на Здружението на трансфузиолози, а Марија работи во Секретаријатот за европски прашања.

koi-se-najpoznatite-sestri-na-makedonskata-javna-scena-02.jpgфото: Фејсбук

Лидија и Тања Кочовски

Овие две сестри се плод на љубовта помеѓу Невена и Панче Кочовски, членови на групата Мањифико, која изведуваше латиноамериканска музика. 

Тања е постара од Лидија 8 години. 

koi-se-najpoznatite-sestri-na-makedonskata-javna-scena-03.jpgфото: Фејсбук

Маријана и Росана Сариќ

Пејачките на најпознатите македонски евергрини, близначките Маријана и Росана имаат 59 години. 

Тие се ќерки на првата Мис Куманово, а имале и помал брат, кој за жал починал.

koi-se-najpoznatite-sestri-na-makedonskata-javna-scena-04.jpgфото: Фејсбук

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Игор Џамбазов со семејни фотки од 1970-тите, Дарко Илиевски чека второ дете: Што прават македонските... Васил Зафирчев ја најави новата сезона на „Преспав“, тенисерот Калин Ивановски в...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg