Кои се најпознатите браќа на македонската јавна сцена?
- Детали
- недела, 14 април 2024
Успешни музичари, одлични спортисти... Кои се најпознатите браќа на нашата јавна сцена?
На нашата јавна сцена има многу познати браќа, кои освен крвното сродство, ги спојува и професионалната соработка. Тие се исклучително успешни во она што го работат.
Ова се некои од најпознати браќа кај нас:
Диран и Гаро Тавитијан
Музичарите Диран и Гаро Тавитијан се синови на познатиот музичар и тапанар и на групата „Леб и сол“, Гарабет Тавитијан.
Повеќе од 3 децении браќата Тавитијан се дел од македонската музичка сцена.
Во соработка со голем број регионални поп и рок ѕвезди, во 2009 година браќата Тавитијан направија одлични преработки на неколку македонски традиционални песни, а тие се најдоа во нивниот албуми насловен „Македонското срце чука во 7/8“.
фото: Инстаграм
Стефан и Мартин Филиповски
Близнаците Стефан и Мартин Филиповски во јавноста се познати и како дуото Next Time.
Стефан е вокал во групата, додека Mартин свири на гитара и е придружен вокал.
Во 1996 година Мартин и Стефан настапија на фестивалот за детски песни „Златно славејче“, со песната „Фудбалер и кошаркар“.
Својот прв голем успех го имаа во 2009 година, кога ја претставуваа Македонија на Евросонг со песната „Нешто што ќе остане“.
Денес зад себе имаат многу успешни концерти, албуми и хитови - свои песни, но и преработки на наши изворни песни.
Мартин и Стефан имаат и постар брат Филип, кој заедно со нивната мајка Сузана им е најголема поддршка во сѐ што прават.
фото: Инстаграм
Раде и Филип Нуневски
Докажаните инструменталисти Раде и Филип се дел од бендот „Браќа Нуне“, кој го основале во 2018 година.
Пред основањето на бендот, Филип и Раде ја придружуваа Есма Реџепова Теодосиевска на нејзините последни концерти.
Браќата Нуне во моментов се едни од најангажираните музичари во нашата земја.
Освен во Македонија, тие се барани и во дијаспората, каде што често имаат концерти.
фото: Инстаграм
Филип и Кирил Лазаров
Поранешните ракометни репрезентативци Кирил и Филип Лазаров се родени во Свети Николе, а Кире е 5 години постар од Филип.
Кире денес е селектор на македонската ракометна репрезентација, но работи и како тренер, исто како и неговиот помал брат.
Кире е и најуспешниот стрелец во Лигата на шампиони во ракомет, со постигнати 1256 погодоци во 18 сезони, што го прави еден од најдобрите ракометари во историјата на овој спорт.
Војдан и Дамјан Стојановски
Кошаркарските репрезентативци, близнаците Војдан и Дамјан Стојановски, својата кариера ја започнале во клубот „Вардар“.
И двајцата денес играат за МЗТ Аеродром. Дамјан игра на позиција крило и е капитен на екипата, а Војдан е бек.
Војдан и Дамјан имаат и постар брат, Огнен, кој исто така е кошаркар.
фото: Инстаграм
С. Ш. | Црнобело