Филип Пецовски од „Ѕвездите на Гранд“ чека дете - откри со видео од Козјак и капче со натпис „тато“
- Детали
- вторник, 08 април 2025
„1 + 1 = 3“ напиша пејачот и со видео, со прекрасна позадина на Козјак, со саканата Марија открија дека чекаат принова. Парот направи свадба во февруари 2025.
Македонскиот пејач Филип Пецовски се ожени со својата сакана Марија во февруари 2025, а сега парот со видео од Козјак откри дека очекуваат принова.
Филип и Марија со ехо-снимката од бебето и капчиња со натписи „мама“ и „тато“ открија дека ќе станат родители.
Филип се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ во 2019 година. Негов ментор беше Јелена Карлеуша.
Карлеуша не криеше дека Филип ѝ е миленик, и секогаш на неговите настапи стануваше, играше, се забавуваше и го фалеше неговото пеење.
Во описот на видеото, каде Филип и Марија ја откриваат убавата вест, пејачот напиша: 1 + 1 = 3
Кликнете на видеото:
Погледнете како изгледаше нивната свадба Се ожени Филип Пецовски од „Ѕвездите на Гранд“ - Невестата со впечатлив стил, пејачот во црно-бело одело
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





