Ребека сподели емотивна објава за децата со потешкотии во развојот: „Не е детето погрешно - средината е“

„Детето не излезе како што другите очекуваа. И сите, помалку или повеќе, си заминаа. Мајката најмногу ја боли што не гледаат во него можност, туку само ‘проблем’“, споделува Ребека од името на сите мајки на деца со потешкотии во развојот.

rebeka-spodeli-emotivna-objava-za-decata-so-poteshkotii-vo-razvojot-ne-e-deteto-pogreshno-sredinata-e-01.jpg

Ребека Јанковска-Ристески со сопругот Милан постојано се борат за правата на лицата со ретки болести и потешкотии во развојот и за правата на својот син Маркијан.

Сега, таа сподели емотивна објава од српскиот писател Стефан Симиќ, каде се зборува за тешкотиите на мајките на деца со потешкотии во развојот.

rebeka-spodeli-emotivna-objava-za-decata-so-poteshkotii-vo-razvojot-ne-e-deteto-pogreshno-sredinata-e-02.jpg

Објавата, напишана од Стефан Симиќ, која ја сподели Ребека:

Пријателка доби дете со мали потешкотии во развојот.

Додека не го доби, беше сакана и почитувана.
Сè ѝ беше на место.
Маж.
Семејство.
Пријатели.
Работа.

Детето не излезе како што другите очекуваа.
И сите, помалку или повеќе, си заминаа.

Мајката е мајка – го сака такво какво што е.
Последниот удар го доживеа кога не сакаа да го примат во дневен престој, каде што се чуваат деца.
Уште пред да го видат, се оградија.

Гледа како сите полека креваат раце.
Не можат, немаат време, не знаат, не сакаат, а таа сè повеќе останува сама.

Сакаше детето да најде другар, другарка.
Барем малку, барем со некого да се дружи.

Има четири години. Ако сега е вака, како ќе биде кога ќе има четириесет?
Ако сега нема шанса, какви ќе му бидат шансите подоцна?

Неодамна дојде на мој настап, со триесет килограми повеќе од кога последен пат се сретнавме.
Сè уште убава.
Сè уште насмеана.
Сè уште посебна.
Сè уште сè.
Но нешто недостасува.

Недостасува љубов и емпатија за која сите зборуваат.
Дека Србија конечно се разбудила.

Сè има,
Но не и за оние што најмногу страдаат.

Таа не ја почувствува, нејзиното дете не ја почувствува.
Се бори сама со него.

Љубовта што ѝ ја ветија – не се случи.
Кога животот не се вклопи во нивните планови, избегаа.
Кога ѝ требаа најмногу, остана сама.

Наместо радост, во нејзиното дете гледаат товар.
И тоа е сè.
Што нема ист третман.

Беше подготвена на непреспиени ноќи, на грижи, на борба.
Но не беше подготвена на тишина.
На пораки што никогаш не стигнаа.
На повици што престанаа.

Некогаш имаше потпора, сега има само свои раце што го држат нејзиното дете.
Некогаш имаше пријатели, сега има ѕидови.

Ѝ велеа дека е силна.
Но не е таа силна.
Таа мора да биде силна.

Никогаш не помисли дека еден ден ќе се запраша – дали моето дете е невидливо?
Дали не го забележуваат или само не сакаат да го видат?

Нејзиното дете не е „погрешно“ – средината е.

Општеството што сака само додека сè е во ред.
Општеството што се колне во инклузија, а ги затвора вратите.
Општеството што дели насмевки во минување, но ја врти главата кога треба да се помогне.

Се обидуваше да најде место за него.
Соба, клупа, пријател, насмевка.

Најмногу ја боли што не гледаат во него можност, туку само „проблем“.

Детето расте.
Со четири години не може во градинка.
Со седум, ќе го примат ли во училиште?
Со дванаесет, ќе го поканат ли другарите на роденден?

Со дваесет, ќе има ли работа?
Со четириесет, ќе има ли каде да живее кога неа веќе нема да ја има?

За тоа никогаш не зборува гласно.
Но секоја ноќ, кога ќе го заспие, се прашува – што би било со него ако остане сам?
А оние што некогаш беа тука?
Тие живеат свои „нормални“ животи.

Она што другите лесно го добиваат, таа мора да го освојува.
Место во општеството, во училиштето, во животот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Македонка со силна порака: „Зимава трипати бевме болни со децата - кога телото ми откажуваше, сфатив... „Како мајка на мали деца, очекувано ти е да има вакви епизоди. Но, признавам, не...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Мартија Станојковиќ и саканиот на романтично патување за Валентајн - јадат пица во форма на срце Мартија и нејзиниот сакан Матеј се во врска околу 2 години, но парот многу ретко...
Јелена Спенџарска објави видео за токсични врски - жена ѝ вели: „Имам пеколен брак, ама каде да одам... „Мојот телефон е повеќе негов отколку што е мој. Да види дали сум додала некој д...
Панчо емотивен за роденденот на првородениот син: „Ќе те сакам до крајот на животот“ „Не можам да ти ветам дека ќе бидам тука до крајот на твојот живот, но ти ветува...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg