Соновник | Sonovnik
Term | Main definition |
---|---|
Болничар |
Непријатни вести, болест во семејството, некој ве мести, а вие немате поим кој. |
Болнички кревет | Болнички кревет во сон симболизира замор. |
Бомба | Гледање: неуспех во потфатот што сте имале намера да го направите; фрлање: деловен успех, ненадејна радост; ранет од бомба: ненадејна загуба; ако експлодира: неочекуван настан. |
Бонбони | Јадење: ненадејно ќе се вљубите; добивање: ќе добиете љубовна понуда. |
Бонбониера | Гледање: ќе се заљубите; подарување некому: ќе станете нечиј доброчинител. |
Бор | Очекувај подобри денови; зелен: брз успех; исушен: болест, неуспех. |
Боранија | Јадење: радосен настан; готвење: промена на животните услови. |
Борба | Со ѕверови: пропаднато наследство; со жена: кавга; со мртовци: неуспех во работата; ако победите во борба: ќе избегнете голема опасност; со животни: неочекувано наследство. |
Бордел | Ако видите бордел во сон, тоа е предупредување дека ќе доживеете срам. |
Борење | Борење со некого во сон симболизира тага, кавга, непријатност, меланхолија; да гледате борење во сон значи дека мора се потрудиш ако сакаш да успееш. |
Борова шума | Доколку сонувавте дека шетате во борова шума, тоа значи дека многу ви е потребен одмор. |
Боровинки | Внимание во деловните контакти. |
Боси нозе | Ако бидеш босоног: сиромаштија, уништен углед; ако одиш: ќе станеш угледен; ако бегаш: ќе западнеш во парични неприлики. |
Босилек | Кога во сон берете босилек, тоа укажува на среќа во љубовта. |
Боцнат на трн | Ако сонувате дека сте се боцнале од трн, укажува на тоа дека ќе се разболите на јаве. |
Бочва | Полна: непожелни сте во друштво поради скржавост; миење бочва: грижа; полнење со вино: брза радост. |
Брава | Помирување со противникот, ќе откриеш некоја тајна, те очекуваат пречки. |
Брада | Да се има - голема: наследство, здравје; мала: сиромаштија, немаштија, болест; седа: голема чест; црвена: добивка; проседа: тага; црна: големи издатоци, загуба; на жена да се види: радост. |
Брадавици | Ако ги видите: некој не ти посакува добро; ако имате: благосостојба, добивка, богатство; на тело: дарежливоста ќе ве доведе во неприлика. |
Бразда | Ако е крива: проблеми кои можат да се решат; права: тешка работа со успешен крај. |
Бразлетна | Премногу сте скромни. |
Брак | Договарање: добивка; склопување: вашата желба нема да се оствари; напуштање: добра заработка. |
Брана | Ако видите: несреќа, штета, повторно размислете за своите планови; ако паднете во неа: ги заборавате обврските. |
Бранови | Гледање бранови во сон значи дека некој те озборува. |
Брат | Ако го видите: семејна среќа, долг живот; ако го изгубите; загуба меѓу блиските; ако се карате со брат: недоразбирање, загуба, лутење; ако зборувате со него: те чека долг живот, радост и среќа. |
Брачен советник | Сакате да ги поправите лошите односи со партнерот. |
Брашно | Ако ставате квасец: женење; истурено: сте ја пропуштиле приликата која нема да се повтори; просеано: среќа, радост. |
Брдо | Големо: голема чест; мало: некој те оговара; стрмно: не се потпирај на друг, не си дораснат за животната ситуација; голо: грижа; со камења: многу тешкотии во работата; зелено: те чека радост. |
Брег | Рамниот брег во сон симболизира успех, среќа, добивка; стрмниот брег симболизира тага, кавга; шетање покрај брегот предупредува дека вашата среќа е лажна, помалку шетајте, повеќе работете! |
Бреза | Брзи добри вести; падната, исечена: внимавајте на казни. |