Брадавици

Term Main definition
Брадавици

Ако ги видите: некој не ти посакува добро; ако имате: благосостојба, добивка, богатство; на тело: дарежливоста ќе ве доведе во неприлика.

Што значи да сонувате брадавици?

Брадавиците се релативно чест поим во соништата. Се делат на соништа од сексуална природа кога сонуваме брадавици на дојките, и такви соништа почесто ги сонуваат мажите, и на соништа од асексуална природа кога сонуваме брадавици на другите делови од телото, и такви соништа почесто сонуваат жените.

Ако неодамна на јаве сте дошле во контакт со брадавици од која било причина, тогаш таквите соништа не ги толкуваме.

Ако гледате големи брадавици на гради од жена

Посакувате романтични моменти со лице кое го познавате. Веројатно ви се допаднал некој кој изгледа таинствено и недостапно. Тешко кај него/неа можете да забележите дека има симпатии спрема другите, но затоа чувствувате неверојатна привлечност.

Фантазирате за тоа да бидете заедно, но одлагате да му/ѝ пријдете затоа што се плашите дека ќе ве одбие.

Ако гледате мали брадавици на гради од жена

Личноста која ја познавате посакува романтични односи со вас. Вашиот таен обожавател или обожавателка е премногу срамежлив/а за да ви покаже своите чувства. Сигурно сте забележиле некои знаци, но сте одлучиле да ги игнорирате затоа што не сте сигурни дали сте во право.

Следен пат обрнете внимание на сигналите кои го/ја издаваат и ако таквите чувства се обострани „тргнете во акција“.

Ако бакнувате брадавици на гради на жена

Ви претстојат романтични моменти со лице кое го познавате. Партнерот ќе одлучи да ве изненади со интимна вечера, која ќе ги подгрее страстите меѓу вас. Ако сте подолго сами, време е да престанете да се двоумите и прифатете го повикот за состанок. Нема да се покаете.

Ако сонувате брадавици на гради на маж

Срам. Важи за сите варијанти на сон.

Ако видите брадавици на тело не е важно чие

Ако во сон видите брадавици, тоа е предупредување дека некој не ви посакува добро. Можно е да шири озборувања за вас личност која се претставува како ваш пријател. Ќе ја користи секоја прилика да ви напакости и вашите зборови да ги сврти против вас.

Ќе ви биде потребно време тоа да го увидите тоа после што ќе бидете непоколебливи во одлуката да прекинете секаков контакт. Не се лутите често и многу трпите, но кога нешто ќе пресечете, не се враќате на старото.

Ако имате брадавици секаде по телото

Кога сонувате дека имате брадавици, тоа симболизира благосостојба. После тежок период, работите во вашиот живот ќе тргнат по нагорна линија. Можно е да сте имале здравствен проблем кој успешно сте го совладале. После тоа, секој проблем ќе ви се чини бесмислен и ќе уживате во ситниците кои порано не сте ги забележувале.

Брадавици на нос

Загрижени сте за вашиот изглед, можни комплекси кои ги влечете од детството врзани се вашиот изглед. Многу луѓе имаат проблем да се засакаат себеси, а вие сте еден/на од нив. Крајно време е да почнете да работите на самодовербата и да прифатите дека имате многу убави особини, не само кога е физичкиот изглед во прашање.

Брадавици на раце

Сонувањето брадавици на раце предупредува дека дарежливоста ќе ве доведе во неприлики. Ќе сакате да помогнете на сите блиски луѓе кои имаат финансиски потешкотии. Партнерот нема да има разбирање за тоа што го работите и ќе ве предупреди на можни последици.

Поради тоа би можеле да влезете во кавга од која нема да излезете како победник. Кога немате доволно аргументи, нема смисла да се впуштате во расправа која нема да донесе ништо добро. Послушајте добронамерни совети.

Брадавици на нозе

Претерано им верувате на луѓето. Наивни сте, и ги идеализирате лицата околу себе. Можно е некој да ве изигра. Најлошо од сè е тоа што такви ситуации ви се случувале и порано. Ништо не сте научиле од своите грешки, а тоа не е особина на зрели и одговорни луѓе. Недостиг на доверба не е карактеристика на слабите, туку на стабилните луѓе.

Брадавици на интимните делови од телото

Болест, лошо здравје, непријатност и срам се поврзани за здравствени причини. Веќе подолго време ги игнорирате симптомите кои ги чувствувате, или, што е уште полошо, дијагноза и лекови барате на Интернет. Не верувајте на сè што ќе прочитате и конечно закажете преглед кај лекар.

Ако сонувате брадавици на врат

Ако во сон имате брадавици на врат, тој сон означува предрасуди во врска со некој или нешто. Можно е другите да имаат предрасуди спрема вас. Тие предрасуди можат да бидат религиозни, физички (поврзано со изгледот) или интелектуални.

Ако имате брадавици на глава

Ви претстојат кавги и обвинувања. Ако на време не го забележите почетокот на кавгата и не попуштите, ќе имате долгорочни последици. Вашата тврдоглавост негативно ќе се одрази на односите со оние кои ги сакате. Не можете да тврдите дека сте во право, доколку не послушате што има другата страна да каже.

Ако сонувате трета брадавица

Долг и среќен живот. Богато семејство, можност за повеќе деца ако ги посакувате.

Ако отстранувате брадавици

Ако сонувате дека отстранувате брадавици, тоа значи дека ќе симнете голем товар. Постои нешто или некој во вашиот живот кој упорно ве влече кон дното. Ќе помине многу време пред да сфатите за што се работи, но тоа просветлување ќе ви помогне да го запрете паѓањето.

Можеби ќе морате да прекинете контакт со некој кој ви бил многу драг, баш од таа причина што ќе сфатите дека неговите/нејзините намери не се искрени.

Доколку во вашиот сон некој друг отстранува брадавици, очекувајте повик од влијателна личност која ќе ви понуди работа или соработка. Ќе биде тоа прилика конечно да „застанете на свои нозе“ и да ја поправите финансиската ситуација. Можеби нема да ви се допаднат баш сите работни задачи и предлози, но ќе бидете свесни колку парите ви се потребни и ќе запоставите сè останато.

Ако палите брадавици

Кога во сон палите брадавици тоа укажува на проблем со финансиите. Вашите барања одамна ги надминале месечните примања. Се трудите на сите да им покажете како убаво живеете и како не се лишувате од луксузни работи. Токму поради тоа ќе се доведете до банкрот. Нов кредит или позајмица не се решение доколку не ги намалите непотребните трошоци. Мислете на својата иднина!

Сон во кој гледате дека некој друг пали брадавици симболизира на мачнини  предизвикани од бројни проблеми на работа. Можно е да сте дознале дека фирмата во која работите е во криза и се плашите да не ја изгубите работата. Вашиот страв е сосема оправдан, затоа почнете да барате друга работа.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте биле на лекар на преглед или сте имале проблеми со брадавици, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за брадавици

Брадавици се дел од градите кои содржат голем број крвни и лимфни жили и мазни мускули. Исто така, можат да се најдат на други делови од телото и често се симптом за некоја болест.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg