Соновник | Sonovnik
Term | Main definition |
---|---|
Убиство |
Ако сонувате дека сте убиени во сон, тоа значи дека ве чека штета, болест на јаве. |
Украс | Украс на сон е знак за среќа во бракот. |
Улица | Ако сонувате дека одите по улица - ова е знак за несреќа. |
Уметник | Уметник на сон е добар знак. |
Уметничко лизгање | Ако видите лизгање значи успех, добивка, додека ако лизгате треба да се вардите да не ве насамарат. |
Умирање | Ако гледате како некој умира: тага за некој близок; ако умрете: долг живот, среќа на повидок; ако умрете и потоа оживеете: не верувај во празни ветувања; ако мртвиот во сон е жив: желбата ќе ти се исполни; ако слушнеш дека некој умрел: добивка. |
Униформа | Ако носите униформа во сон значи дека ќе добиете чест и почит во реалноста. |
Ураган | Овој сон може да ја симболизира вашата моќ над другите, завршеток на тешка фаза во вашиот живот, како и страшна болест, борба или излив на емоции. |
Уривање | Сонување како нешто се урива предупредува дека тешко ќе успееш поради малодушност; бегство од уривање значи дека неизвесноста во која си западнал ќе биде среќно завршена. |
Урина | Предупредува дека на јаве ве очекува загуба, срам, болест. |
Урна | Ако видите урна со пепел во сон предупредува дека вашиот познаник ќе умре. |
Урнатини | Ако видите урнатини во вашиот сон, тоа значи дека ќе презирате некого |
Усни | Бледи: лутина, бес, ќе се разочарате од љубовта; црвени: наскоро ќе милувате некој близок; примамливи: вашите стари желби ќе се остварат. |
Успех | Ако на сон постигнувате успех, тоа значи дека во реалноста ќе имате разочарување или загуба. |
Ученик | Да бидете ученик означува веселба, ако видите ученик тоа значи дека ќе имате мала добивка, наследство, ако се тепате со ученик на сон тоа предупредува дека ќе ве снајдат грижи. |
Ученичка книшка | Ученичка книшка симболизира потреба за докажување. |
Учење | Ако учите на училиште: ако сонувате дека учите на училиште, значи дека ве чека голема среќа. Ако ги учите другите на училиште: ќе стекнете верен пријател. Ако гледате како другите учат на училиште: треба да работите повеќе за да ги постигнете своите цели. |
Училишна клупа | Ќе бидете лажно обвинети за нешто. |
Училиште | Ќе ви претстои среќен период во животот. |
Учител | Ако го видите: ќе страдате поради непромисленост; ако разговарате со него: вашите можности се нормализираат. |
Уши | Големи уши: ќе слушнете нешто што не сте смееле. Мали уши: ќе слушнете добра вест. |