Соновник | Sonovnik
Term | Main definition |
---|---|
Шајки |
Грст шајки во сон означува подобрување на приликите, исполнување на надежта; ако вадите шајки на сон значи дека ќе дознаете голема тајна; стари `рѓосани шајки предупредуваат дека куќата ви е во опасност; ако ковете шајки значи дека ќе се спасите од опасноста на јаве. |
Шал | Ако видите шал во сонот предупредува дека сте во опасност од несреќа. |
Шамар | Ако сонувате дека удирате шамар тоа значи дека ќе имате работа со судот. Ако добивате тоа е предупредување дека некој ќе ве обвини иако сте невини. |
Шампањ | Пиењето на шампањ во сон симболизира краткорочна среќа во реалноста. |
Шатор | Ако сонувате шатор значи дека ве очекуваат возбудливи настани, промена на живеалиштето. |
Шах | Играњето шах во сон предупредува на загуба во игрите на среќа; ако гледате како играат други луѓе, ве советува да не се грижите за другите. |
Шверц | Во сонот значи дека на јаве ве очекува покана за на свадба. |
Шега (шегување) | Шегата во сон ве предупредува да бидете внимателни што зборувате во општеството. Вашите зборови може да бидат погрешно протолкувани. |
Шепа | Ако на сон видите шепа на животно или негов отпечаток, ќе мора да размислите за туѓите мислења и ќе мора да толерирате нечие мешање во вашата работа. |
Шепот / Шепотење | Ако шепотите во сон значи дека не можете да се изборите за самите себе. |
Шетање | Ако се шетате сами во сонот значи дека ве очекува среќа и радост. |
Шеќер | Ако јадете шеќер во вашиот сон значи дека сте опкружени со неискрени луѓе; ако гледате и купувате шеќер значи дека некој тајно ве сака. |
Шешир | Нов шешир означува престиж; стар предупредува на нарушување на угледот, озборувања; губењето шешир значи дека ќе ги изгубите добивките. |
Шинтер | Шинтер во сонот предупредува на штета којашто ќе биде предизвикана од туѓа вина, кавги. |
Шипка (шипинка) | Ако берете шипка значи дека некој ќе ве засака. |
Шира | Му завидувате на некого поради неговите успеси на љубовен план. |
Шишарка | Ако сонувате шишарка значи дека во скоро време ви претстои богата женидба/мажачка на јаве. |
Шише | Полно со нешто: ќе ве наклеветат; со вино: задоволни часови; празно: неволја, прибирање на јазикот; големо: ќе западнете во долгови; мало: големо изненадување. |
Школки | Ако сонувате школки потсвеста ве советува да бидете умерени во трошоците кога ќе се разбудите. |
Школски ранец | Кога на сон ќе видите чанта или ранец на некој ученик тоа значи дека ќе треба уште многу труд и работа за да го постигнете посакуваниот успех. |
Шлем | Ако сонувате шлем значи дека ќе добиете помош кога ќе ви биде потребна. |
Шминкање | Ако се шминкате во сон предупредува дека на јаве претерувате со самофалбите. |
Шофер | Блиску сте до остварување на професионалните цели. |
Шпион | Ако сонувате дека сте шпион значи дека ќе ви биде доверена одговорна задача. |
Штала | Ако сонувате штала на сон тоа значи дека наскоро ќе се ослободите од грижи, ве очекува богатство. |
Штедилница | Ако сонувате штедилница значи дека ќе ви бидат побарани пари на заем. |
Штипење | Ако штипнете некого во вашиот сон предупредува на клевета, озборувања, сомневања. |
Штрк | Штркот во сон ја симболизира среќата во бракот, принова во семејството. |
Штурец | Ако видите штурец на сон ве очекува пријатно изненадување на јаве. |
Шубара | Соништата со мотивот шубара се ретки и нивното значење зависи од контекстот во кој се одвивале како и од деталите што ги придружувале. |