Соновник | Sonovnik
Term | Main definition |
---|---|
Џамија |
Ако видите џамија на сон тоа значи дека ќе следат незгоди на патот. |
Џеб | Празен џеб значи дека желбата ќе ви оствари, додека полн џеб значи дека ќе имате непредвидени трошоци. |
Џебен часовник | Среден живот, благосостојба, добивка. |
Џебно ноже | Ако видите џебно ноже на сон тоа предупредува да се вардите, ви се заканува опасност на јаве. |
Џекпот | Сон кој вклучува џекпот е добар знак. |
Џелат | Ако сонувате џелат тоа значи дека ве очекуваат големи грижи и понижување. |
Џем | Сонувањето џем е сигурен знак дека вашата ситуација се подобрува и дека вашата среќа ќе биде целосна. |
Џемпер | Сон во кој се појавува џемпер е добар знак. |
Џепарлак | Ако добиете џепарлак на сон тоа значи дека ќе ви се остварат плановите. |
Џепчија | Ако бидете џепчија на сон тоа значи дека доживее почест и уважување. Ако сонувате дека сте фатиле џепчија тоа значи дека ќе ги победите непријателите. |
Џигер | Ако сонувате црн дроб или џигер, тоа претставува предупредување да се чувате од алкохол, а ако видите црн дроб тоа значи дека ќе наследите нешто. |
Џин | Ако сонувате џин едно од значењата е дека ќе бидете здрави како дрен. |
Џин (пијалак) | Ако си купувате џин или пиете во сон, ќе си нанесете штета на самите себе. |
Џип | Сонот во којшто сте виделе џип, симболизира успех и среќен период пред вас. |
Џокеј | Ако сонувате џокеј тоа значи дека многу лесно ќе дојдете до успех. |
Џумка | Ви престојат грижи во семејството. |
Џунгла | Ако видите џунгла тоа предупредува дека ви се заканува опасност, изненадувања. |
Џуџе | Ако видите кепец во вашиот сон тоа значи дека ви претстои добивка на лотарија, неочекувана среќа, веселба, пријатно изненадување. |