Џамија

Term Main definition
Џамија

Ако видите џамија на сон тоа значи дека ќе следат незгоди на патот.

Што значи да сонувате џамија?

Џамија на сон симболизира копнеж, исчекување, а понекогаш и многу нереални очекувања од себе или од другите луѓе. Ако на сон видите џамија тоа значи дека ви недостасува личност со која повеќе не сте во добри односи или која долго време не сте ја виделе, а сте биле прилично блиски.

Ако на сон видите минаре на џамија тоа имплицира дека ќе ги закопате воените секири со некого со кого сте се скарале. Сте сфатиле дека поради глупост сте си ги нарушиле односите и дека понекогаш морате да поминете преку многу нешта за да ги задржите оние кои ви значат.

Ако сонувате дека одите во џамија тоа симболизира потреба за утеха.  Веројатно во минатото некој или нешто ве повредило до таа мера што многу тешко се опоравувате. Можеби разговорот со блиските луѓе не ви помогнал ,бидејќи сте стекнале впечаток дека не ве разбираат. Ако и понатаму ве следи тоа чувство би било добро да побарате совет од стручно лице.

Толкувањето на овие соништа зависи и од контекстот во кој се одвиваат како и од чувствата и  деталите кои ги следат. На сон може да почувствувате мир и спокој, но не е редок случајот да почувствувате страв, паника и загриженост.

Ако сонувате дека се молите во џамија

Без оглед на тоа дали сте религиозна личност или не, овие соништа значат дека сте незадоволни од сето она што сте го постигнале досега во животот. Веројатно сте очекувaле повеќе од себе, но не сте успеале да остварите некои свои цели. Се плашите дека сега е доцна, но таквото размислување е сосема погрешно. Ако не почнете од некаде, веројатно во блиска иднина ќе зажалите за пропуштените можности.

Ако сонувате верници во џамија

Ако сонувате верници кои одат на молитва во џамија тоа значи дека наскоро би можеле да запознаете личност која ќе ви помогне да решите некој проблем.

Ако сонувате дека градите џамија

Доколку сонувате дека градите џамија, тоа значи дека трудот ќе ви се исплати. Ќе вложите доволно време и пари во нешто што, на долг рок би можело да ви донесе прекрасни резултати. Вашето задоволство ќе биде уште поголемо бидејќи на сите оние кои се сомневале во вас ќе им докажете дека вашата идеја била добра и дека сте способни да ги остварите вашите цели кои ви донесуваат голема корист.

Ако сонувате дека други луѓе градат џамија

Кога сонувате дека други луѓе градат џамија тоа симболизира потреба да и помогнете ја личноста којашто ја сакате. Можеби некој од вашите пријателите се наоѓа во неволја, а вие не сте сигурни како да му/и помогнете. Потрудете се да му/и се најдете при рака, макар и на штета на вашето време и обврски.

Ако сонувате дека уривате џамија

Доколку на сон уривате џамија тоа значи дека можеби ве гризе совеста поради нешто што сте кажале или направиле на погрешен начин.  Се плашите дека секое понатамошно дејствие би можело да произведе контраефект, па затоа не преземате ништо за да го исправите тоа.

Ако проблемот ви е поврзан со работата, веројатно со својата негрижа сте загрозиле некој значаен проект. Се плашите дека колегите ќе ве гледаат со други очи. Сепак, потрудете се да поправите ситуацијата и да се помирите со тоа дека секој човек може да погреши.

Ако сонувате дека други луѓе уриваат џамија

Ако во вашиот сон други луѓе уриваат џамија тоа значи дека во блиска иднина ќе мора да исправате туѓи грешки. Веројатно ќе се најдете во ситуација кога ќе мора да ги помирите завојуваните страни. Тоа воопшто нема да ви биде пријатно, но самите знаете дека ќе биде нужно. Добро размислете за се, анализирајте ја секоја опција, па дури тогаш донесете одлука.

Ако сонувате срушена џамија

Сон во кој гледaте срушена џамија имплицира дека имате проблем за кој сметате дека е нерешлив. Никогаш порано не сте се нашле во слична ситуација и не знаете како да реагирате. Се плашите дека би можеле да направите голема грешка. Совет од блика личност би можел да ви биде од корист. Затоа не двоумете се дали да го послушате.

Ако сонувате дека палите џамија

Доколку сонувате дека палите џамија тоа укажува на љубомора. Можеби саканата личност во последно време е блиска со колегата или колешката од работа, па иако ви тврди дека нема ништо повеќе од професионален однос, вие и понатаму се сомневате во вистинитоста на зборовите.

Не знаете како да го решите овој проблем, ниту да се ослободите од овие мисли, ниту дали истите се темелат на стварноста или тоа е вашиот страв дека би можеле да го загубите партнерот. Потрудете се со ладни глави да размислите за сето тоа и ќе согледате дека немате реална причина за страв.

Ако сонувате дека други палат џамија

Ваквиот сон имплицира дека имате непријатели. Некој се обидува да ве повреди или да ви ја загрози работата. Веројатно станува збор за личност која дури неодамна влегла во вашиот живот и која денес ви „подметнува сопка“ бидејќи е љубоморна или завидна.

Можеби ќе ви биде тешко да поверувате дека такво нешто е можно, но ако му/и дозволите тој/таа можат вистински да ве повредат. Затоа внимавајте со кого разговарате за своите планови и намери.

Ако сонувате полна џамија

Ако на сон видите полна џамија со верници тоа значи дека ве очекуваат убави моменти со семејството и пријателите. Конечно имате доволно време да им се посветите, па ќе организирате ручек или еднодневен излет. Така ќе ги наполните батериите за сите предизвици и обврски кои ви претстојат.

Ако сонувате празна џамија

Доколку на сон видите празна џамија во која нема верници можеби сте незадоволни од својот социјален живот. Веројатно не успевате да се видите со пријателите, па вашите односи дополнително се заладиле.

Многу од нив немаат воопшто никакво разбирање за вашите обврски и сметаат дека недостаток на волја е причина за вашето отсуство. Сето тоа резултирало со фактот дека понекогаш немате со кого да се напиете едно кафе. Ќе посакате да запознаете нови луѓе, но ќе сфатите дека тоа воопшто не е лесно.

Ако спиете во џамија

Кога сонувате дека спиете во џамија тоа значи дека конечно ќе се одлучите да промените место на живеење или работа, а можеби и двете. Одреден временски период размислувате за таква алтернатива, но се плашите од промени. Сепак наскоро ќе донесете одлука која би можела да го промени текот на вашиот живот. Немате причина за страв, бидејќи на крај ќе произлезе дека вашата одлука била правилна.

Ако се бакнувате во џамија

Сон во кој се бакнувате со некого во џамија може да има поинакво значење. Значењето на ваквите соништа е поедноставно ако неодамна сте посетиле џамија или некоја друга религиозна установа. Тоа ви оставило силен впечаток, па од јаве се пренел на сон.  Исто важи и ако сте читале за џамија или гледале документарен филм на таа тема.

Дефиниција за џамија

Џамија е исламска религиозна институција, место за молење, заеднички молитви на муслиманите.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg