-->

Соновник | Sonovnik

Term Main definition
Работа


Ако сте сонувале дека сте на истата работа на која всушност работите во реалниот живот, тоа значи дека неодамна сте завршиле некоја задача со значаен придонес за растот на таа компанија.

Работилница / работник

Ако на сон сте во работилница, ве очекува материјално и емоционално издигнување.

Synonyms - rabotnik
Работничка облека

Ако сонувате како сте облечени во работничка облека, вашето семејство ќе се гордее со вас.

Равенство

Ако не станете поагресивни, вашите шанси за напредок во кариерата ќе се намалуваат од ден на ден.

Радар

Ако сонуваш полициски радар, тоа најавува предизвици кои ќе ги совладаш успешно.

Радијатор

Соништата со мотив на радијатор обично се однесуваат на некого на кого секогаш можете да се потпрете, на личност покрај која ви е секогаш пријатно и убаво.

Радио

Ако во сонот видите изгасено радио, тоа може да симболизира осаменост. Ваквите соништа често ги сонуваат луѓе кои долго време се без емотивен партнер.​

Радиоактивност/ радијација

​Соништата во кои доминира симболот на радиоактивноста обично се поврзуваат со здравствени проблеми со кои се соочувате.

Радост

Конечно ќе добиеш заслужено признание; некому: непријатни вести, грижи.

Разбој

Ако сте сонувале разбој ве очекува напорна работа.

Разбојник

Се наоѓате во опасност за која не сте ни свесни; да се биде водач на банда: недостиг на иницијатива; нападнат од бандит: ќе доживеете страв, проблеми со варењето на храната.

Развод

Ако сонувате дека се разведуват ова може да укажува на неуспех или разочарување во личниот или професионалниот живот.

Развратничка

Чувајте се од подмолност и злоба, околу вас има нечесна и злобна личност, срам.

Разгледница

Ако сонувате дека сте добиле разгледница од блиска личност очекувајте радост поради успех на некој близок.

Разделба

Разделба од некого: ќе жалиш за некого, мало наследство; гледање разделба: ќе имаш финансиски загуби на работа.

Рај

Сонување дека сте во рајот означува дека на јаве ќе добиете заштита кога ќе ви затреба.

Рајбер

Ако сонувате затворен рајбер - луѓето уживаат во разговорите со вас.

Рајска градина

Ако шетате во рајската градина, пазете се од лицемерните пријатели.

Рака

Подавање рака: ако сонувате како подавате рака некому, ќе имате потреба од нечија помош.

Ракави

Цели ракави во сон симболизираат загуба на коцка; искинати, валкани означуваат добивка; кратки ракави означуваат лутина кон блиските луѓе; долги  симболизираат напредок на работа.

Ракавици

Гледање нови ракавици во сон значи дека ве очекува пријатно изненадување, додека стари ракавици симболизираат принуда, недостиг.

Ракета

Сонување ракета предупредува да бидеш внимателен, противниците се закануваат.

Ракија

Печење: успех во домот; пиење: добри и радосни вести; продавање ракија: кавга.

Ракови

Фаќањето ракови во сон предупредува дека ќе се уназадите, опкружени сте со лажни пријатели, ве следува расправија, додека јадење ракови означува среќа во сè.

Расипан заб

Лоши и расипани заби во сон значат дека ќе доживеете мал неуспех на работа.

Раскрсница

Ако гледате крстопат во сон значи дека сте неодлучни, побарајте совет од блиска личност на која ѝ верувате.

Раце

Валкани раце во сон предупредуваат дека пријателите ти се неискрени; чисти раце значат дека некој те озборува; миење раце означува крај на твоите грижи; губење на  рацете предупредува на смрт на најблиските.

Риба

Фаќање со рака: измама, разочарување, лутина; риболов: неуспех во љубовта, љубомора, жал, нови пријатели, неисполнети желби; гледање други како ловат: предавство; мали риби: проблеми во домот; големи риби: ќе претрпиш штета; јадење риба: среќа во коцка.

Рибарска мрежа

Гледање: кавга, ситни несогласувања, тешки времиња; гледање дека платат мрежа: внимавај да не те фатат на дело, не се јаде сè што лета.

Рибизли

Црните рибизли во сон укажуваат дека некој план нема да ве успее.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg