Риба

Term Main definition
Риба

Фаќање со рака: измама, разочарување, лутина; риболов: неуспех во љубовта, љубомора, жал, нови пријатели, неисполнети желби; гледање други како ловат: предавство; мали риби: проблеми во домот; големи риби: ќе претрпиш штета; јадење риба: среќа во коцка.

Што значи да сонувате риби?

Ако сонувате дека фаќате риби со рака

Ако во сон фаќате риби со рака, тоа предупредува на измама. Можно е некој да ви ветува кули и градови, но на крајот ќе останете без ништо.

Ќе бидете бесни на себе затоа што сте наседнале на лаги на бескрупулозна личност која е подготвена на сè за да го добие она што го сака.

Ако сонувате дека ловите риба

Доколку во сон ловите риба, тоа означува неуспех во љубовта. Веројатно недвосмислено сте му покажале некому што чувствувате, но не сте наишле на повратна информација на која се надевавте.

Вие нема да можете да се преправате дека ништо не се случило, но ќе сфатите дека нема смисла да се лутите, да се  инаетите или да го/ја направите љубоморен/на.

Ако сонувате дека други ловат риба

Кога во сон други ловат риба, тоа подразбира дека некој ќе ве изневери. Може да се случи да доверите некому детали од вашиот приватен или деловен живот, со цел да си ја олесните душата и да слушнете корисен совет.

Наместо тоа, другите ќе дознаат за вашите проблеми, па ќе имате чувство како едвај да дочекале да ви солат памет.

Ако сонувате мали риби

Ако во сон гледате мали риби, тоа означува неволји во домот. Можно е членовите на вашето семејство да имаат забелешки на сè што правите и нема да се двоумат да ви го кажат тоа на многу груб начин. Ќе се обидете да ги игнорирате, но нема да имате мир ниту во својата соба, поради што едвај ќе чекате да се иселите.

Ако сонувате големи риби

Доколку во сон гледате големи риби, тоа значи дека ќе претрпите штета. Веројатно ќе одбиете да соработувате со моќни луѓе чии намери воопшто нема да ви се допаднат. Вие нема да сакате да бидете ничиј параван за матни работи, поради што  ќе шират невистини за вас и ќе го загрозат вашиот углед.

Ако сонувате дека јадете риба

Кога во сон јадете риба, тоа укажува дека ќе имате среќа во коцка. Може да се случи случајно да ги погодите броевите на ливчето за лото или победниците во некој спорт. Прво ќе се почестите себеси и своите најблиски, а со остатокот од парите ќе купите нешто што долго време го планирате.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе, сте ловеле или сте јаделе риба, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за риба

Риба е воден ’рбетник кој дишe со помош на жабри.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg