Џем

Term Main definition
Џем

Сонувањето џем е сигурен знак дека вашата ситуација се подобрува и дека вашата среќа ќе биде целосна. 

Што значи ако сонувате џем?

Соништата кои содржат џем како варено и дополнително обработено овошје, укажуваат не само дека ќе уживате во плодовите на сопствениот труд, туку и дека ќе имате дополнителни придобивки и дека вашата среќа ќе биде целосна. Ваквиот сон укажува на тоа дека ако сте на средина на работата, треба да продолжите да работите со исто темпо, а ако сте при крај и сте постигнале многу од она што сте го замислиле, време е малку да се опуштите и да уживате во сопствениот напредок и прогрес. Многу луѓе копнеат по некои работи, но кога ќе постигнат нешто, ги префрлаат мислите на други желби, планови и нови проекти и забораваат да уживаат во плодовите на сопствениот раст. Забораваат да уживаат во постигнатото и не се свесни што точно се случило и до кој степен напредувале.

После секој успешен период многу е важно да застанете, малку да се смирите, да го сфатите напредокот и да го прославите. Соништата што содржат џем потсетуваат дека покажувањето дека нешто цениме и вреднувањето на сопствените достигнувања е еден од клучните процеси за да се има среќен живот. Ако знаете да ги прославите и да уживате во сопствените успеси, вашата среќа ќе биде поголема и ќе чувствувате дека водите подобар живот.

Ако сонувате дека јадете џем или како правите џем

Џем во кој било контекст зборува за потребата да ја цените вашата позиција, да ги цените сопствените успеси и да уживате во она што сте го постигнале. Речиси и да нема човек кој не сака подобар живот, да биде уште поуспешен, да има уште поисполнет приватен живот отколку што има. Секако, нема ништо лошо во тоа, бидејќи желбата за напредок е она што не мотивира, но и треба да најдете време да уживате во она што сте го постигнале досега, да си честитате. Сонувањето џем е симбол во соништата кој вели дека успешно сте завршиле некоја работа или сте постигнале некои аспирации или дека успешно ќе ги постигнете во блиска иднина, но исто така ве потсетува дека треба да застанете и да уживате во сопственото достигнување.

За да можете да го цените сопствениот напредок, мора да го забележите тој напредок. Не можете да цените нешто ако само брзате напред и продолжите да посакувате се повеќе и повеќе, додека заборавате на вашите појдовни точки.  Поминете ги во вашата глава сите чекори низ кои сте поминале на патот кон постигнување на вашите цели. Кога ќе се сетите на сите чекори, ќе сфатите колку труд сте вложиле и колку сте напреднале, а како резултат на тоа ќе ја зголемите и вашата самодоверба, што ќе ве мотивира да продолжите напред на позитивен начин. Можеби ќе помислите од наведеното дека не треба да се радувате на идните цели и идниот напредок. И тоа претставува важен чекор, но за да биде вашиот успех поцелосен, а вашето задоволство поголемо, прво треба да бидете свесни што сте постигнале досега и колку сте напреднале.

Ако сонувате дека правите колачи со џем е одличен сон

Ова е сон кој зборува за навистина голем напредок, бидејќи кога ќе размислите за тоа, самото овошје се одлични плодови на вашата работа, џемот е чекор понапред, а да сонувате дека повторно го користите тој џем значи дека ќе го искористите вашиот успехот уште повеќе и во понатамошниот напредок. Овој сон кажува како ќе го искористите моменталниот напредок за нови почетоци и нови проекти.

Ако сонувате дека сте ја извалкале масата или просторијата околу вас со џем

Ова сигнализира дека не знаете како да уживате во сопственото достигнување и дека наместо да уживате во она што сте постигнале со сопствени напори, заглавени сте и себеси си создавате непотребна дополнителна работа и оптоварување.

Сонувањето дека сте скршиле тегла џем има слично значење. 

Таквиот сон вели дека наместо да уживате, вие несвесно создавате товар бидејќи не го забележувате сопствениот успех и постојано сакате повеќе.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg