Џепчија

Term Main definition
Џепчија

Ако бидете џепчија на сон тоа значи дека доживее почест и уважување. Ако сонувате дека сте фатиле џепчија тоа значи дека ќе ги победите непријателите.

Што значи да сонувате џепчија?

Ако сонувате дека сте џепчија

Ако на сон сте џепчија, тоа укажува дека ќе доживеете почест и уважување. Можно е вашите идеи да не наидат на добар прием и разбирање од околината, но како ќе поминува времето, така ќе сфатат дека сте биле во право. Ќе ве сметаат за визионер кој предвидел многу нешта и едвај ќе чекаат да се советуваат со вас. 

Друго значење е дека совеста не ви е чиста. Веројатно имате големи барања кои вашите родители, иако не се во сјајна финансиска состојба, ги исполнуваат. Најважно ви е секогаш да имате нови работи за да не заостанете во друштвото. Но во некои моменти се спуштате на земја и сфаќате дека тоа што го правите не е правилно.

Ако сонувате дека сте фатиле џепчија

Ако сонувате дека сте фатиле џепчија тоа имплицира дека ќе ги победите непријателите. Вие сте личност која не работи со мускули, туку се труди со мозокот да докаже дека е надмоќна во однос на луѓето кои ќе и се спротивстават. Свесни сте дека многу вредите, бидејќи во спротивно не би ве провоцирале и смислувале планови како да ви наштетат.

Ако сонувате дека разговарате со џепчија

Доколку на сон разговарате со џепчија тоа значи дека некој ве лаже или ви работи зад грб. Во вашето окружување има некоја личност чии намери не се потполно јасни. Можеби ќе се послужи со манипулација за да оствари некои свои цели. Обрнете внимание со кого поминувате најмногу време и запрашајте се понекогаш дали ви ја говори вистината. Немојте да се доверувате никого ако не сте сигурни дали ја заслужува вашата доверба.

Ако сонувате дека некој друг се расправа со џепчија

Ако во вашиот сон некој друг се расправа со џепчија тоа имплицира дека ќе се најдете во непријатна положба. Веројатно ќе бидете посредник во спор помеѓу две лица кои многу ви значат. Секој ќе бара од вас да застанете на негова страна и да донесете конечна „пресуда“. Добро размислете пред да се изјасните, но бидете свесни дека некој сигурно ќе биде повреден. Ако сонувате дека други луѓе се расправаат со џепчија тоа значи дека ќе ве заболи неправда.

Можеби колегата/колешката од работа ќе добие унапредување или поголема плата,  иако сметате дека вие повеќе сте заслужиле. Можеби само сте љубоморни на неговиот/нејзиниот успех, но поголеми се шансите дека се апсолутно незаслужени. Немојте претерано да се преоптоварувате со тоа, бидејќи ќе дојдат и вашите пет минути за многу скоро време.

Ако сонувате дека се расправате со џепчија

Овој сон симболизира залуден труд. Можеби премногу енергија и труд вложувате во работа која не ви донесува ниту морална ниту материјална сатисфакција. Сакате да и ставите крај, но свесни сте дека резултатите нема да ги исполнат вашите очекувања.

Од друга страна, можно е истото значење да се пренесе и на приватниот живот. Веројатно се трудите врската на повисоко ниво и со партнерот да не се расправате околу ситници, но не наоѓате на иста реакција од другата страна.

Ако сонувате дека џепчијата ви украл нешто

Кога сонувате дека џепчијата ви украл пари, часовник или нешто друго тоа симболизира загуба на драга личност. Постои можност дека ќе изгубите пријател бидејќи животот ќе ве однесе на различни страни. Животните приоритети ќе ви се променат, па ќе почувствувате дека постепено се оддалечувате.

Тогаш ќе сфатите дека е подобро да ја прекинете комуникацијата отколку вашите разговори да станат размена на зборови поради учтивост. Можеби ќе ви падне тешко, но празнината ќе ја пополните со други луѓе кои ги сакате.

Ако сонувате дека бркате џепчија

Сон во кој бркате џепчија имплицира дека би требале да бидете повнимателни при избор на партнер. Можеби ќе се заљубите во некого кого не сте го процениле добро. Веројатно не сте забележале дека сте се врзале со таа личност и дека искрено ја сакате, а чувствата не ви се возвратени. Тој/таа за разлика од вас, ќе посака добро ад се забавува и нема да размислува за вашата иднина.

Ако сонувате дека други бркаат џепчија

Доколку во сонот видите како други бркаат џепчија тоа имплицира дека е време да се соочите со своите стравови. Предолго време сте ја „забивале главата во песокта“ и сте мижеле пред проблемите. Морате прво да бидете искрени кон себе, а потоа и кон другите. Грижите нема сами од себе да се решат, туку ќе мора да се потрудите за да успеете во тоа.

Ако сонувате дека се тепате со џепчија

Кога сонувате дека се тепате со џепчија тоа значи дека во обид да решите некој проблем, ќе направите уште многу помали проблеми. Наместо да ја минимизирате штетата, само ќе ја зголемите. Можеби само треба да послушате советот на искрените и добронамерните луѓе и да ја отфрлите работата во која не сте добри.

Со текот на времето ќе сфатите дека сте биле во право, зошто би губеле време работејќи нешто што не го знаете, кога можете да уживате во успехот во работата која умеете да ја работите.

Ако сонувате дека некој друг се тепа со џепчија

Сон во кој некој друг се тепа со џепчија укажува на тоа дека ќе ве изненади и шокира информација за личност која ја познавате. Можеби ќе произлезе дека озборувањето кое сте го слушнале за него/неа сепак било вистинито. Меѓутоа, тоа не значи дека своите сознанија да ги ширите на другите. Гледајте си ја работата и не се занимавајте со туѓи животи. Ако немате за што да разговарате со пријателите, зборувајте за временската прогноза.

Ако сонувате дека сте украле нешто од џепчија

Доколку сонувате дека сте украле нешто од џепчија тоа значи дека сте многу снаодлива личност. Секогаш умеете да застанете на нозе после секој пад или неуспех. Вешто ја користите својата интелигенција и способност да ги остварите своите цели. Често се воодушевувате на методите коишто ги користите, а кога ќе бидете потполно искрени кон себе си признавате дека ви е срам поради сопствените постапки.

Ако сонувате дека сте убиле џепчија

Ако сонувате дека сте убиле џепчија тоа имплицира дека храброста и упорноста ќе ви се исплатат. Тоа што ги следите своите соништа на многумина денес им е илузорно, но вашиот успех со текот на времето ќе им докаже дека не биле во право. Секој човек среќата ја доживува на свој начин, за некому тоа се децата, за некого љубовта, а за некого работата, додека вие среќата ќе ја пронајдете во нешто четврто.

Значењето на сонот може да биде многу поедноставно. Доколку пред скоро време сте виделе џепчија, тоа сигурно ви оставило силен впечаток и тогаш овој сон не се толкува.

Дефиниција за џепчија

Џепчија е личност која краде пари од туѓи џебови.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg