Џелат
Term | Main definition |
---|---|
Џелат | Ако сонувате џелат тоа значи дека ве очекуваат големи грижи и понижување. Што значи да сонувате џелат?Ако сонувате џелатАко на сон видите џелат, тоа ви е предупредување дека ќе доживеете непријатност. Можеби ќе бидете обвинети за нешто што не сте го направиле. Ќе се соочите со предрасуди и несфаќање од луѓето од кои сте очекувале многу повеќе. На потежок начин ќе сфатите дека многу луѓе се раководат според изреката дека целта ги оправдува средствата и дека се однесуваат во склад на тоа. Ако бидете џелат на сонКога сонувате дека сте џелат, тоа имплицира дека ќе мора да донесете тешка одлука. Веројатно ќе се најдете во неблагодарна улога да изберете помеѓу луѓе или нешта кои подеднакво ги сакате. Ќе се трудите да бидете фер и коректни кон сите, но наспроти тоа, некој ќе ви префрли дека сте го оштетиле и дека сте ја фаворизирале другата страна. Ако сонувате дека бегате од џелатАко сонувате дека бегате од џелат укажува дека совеста не ви е чиста. Можеби во минатото сте направиле грешка поради која и денес се срамите. Иако поминале многу години, не успевате ниту себе да си простите и да продолжите понатаму. Таквиот став ќе ве спречи да склопите нови пријателства и отворено да разговарате за проблемот кој ве мачи. Ако сонувате дека други бегаат од џелатДоколку сонувате дека други луѓе бегаат од џелат тоа имплицира дека пријателот/пријателката ќе ви довери некоја тајна. Можеби она што ќе го дознаете ќе ве шокира и изненади, но вие ќе му ветите дека никому никогаш нема да кажете за што се работи. Долго време ќе размислувате за причините за неговите постапки и ќе се прашувате што би направиле кога би биле на негово место. Покажете разбирање и немојте да осудувате пред да се замислите во негова кожа. Ако сонувате дека се криете од џелатАко сонувате дека се криете од џелат тоа значи дека ќе ве заболи неправда. Можеби ќе бидете обвинети за нешто што не сте го направиле. Колку и да се правдате нема да успеете да докажете дека не сте виновни. Затоа би било добро да трошите помалку време и енергија на тоа. Во спротивно, поради стресот би можеле да „заработите“ сериозни здравствени проблеми. Ако сонувате дека други луѓе се кријат од џелатСон во кој некој друг се крие од џелат значи дека живеете во илузии. Сте дозволиле фантазијата да управува со вашето секојдневие. Фантазирате за големи нешта, но не преземате ништо за да ги претворите во стварност. Време е да се тргнете и да почнете да размислувате за својата иднина. Ништо нема да ви биде сервирано на тањир и се што сакате ќе мора да се потрудите за да го добиете. Ако сонувате дека разговарате со џелатОвој сон е предупредување да внимавате со кого соработувате. Некој ќе се обиде да ја злоупотреби вашата доверба која сте му/и ја укажале за да оствари некои свои интереси. Не смеете да дозволите луѓето да ве искористуваат. Морате повеќе да си го цените трудот, работата и вештините кои ги поседувате. Ако не сте задоволни од третманот на работното место охрабрете се и кажете му го тоа на шефот, или едноставно променете работа. Ако сонувате дека други луѓе разговараат со џелатАко сонувате дека некој разговара со џелат тоа симболизира предавство. Ќе се разочарате во личност која ја сакате бидејќи нема да биде покрај вас кога ќе ви биде најпотребна. Иако подоцна ќе се обиде да ги поправи нештата, нема да му дадете прилика да покаже дека се кае. Веројатно целосно ќе го исфрлите од својот живот кога ќе сфатите дека вниманието и љубовта кои безрезервно ги пружате не ви се еднакво возвратени. Ако сонувате дека се расправате со џелатДоколку во сонот се расправате со џелатот тоа укажува дека ќе имате проблеми во комуникација со претпоставените. Претпоставениот нема да има никаков слух з вашите идеи туку само ќе ги смета за бескорисни и непотребни. Ќе се обидете да му ја укажете економската исплатливост на вашиот проект, но нема да добиете позитивен одговор. Тоа би можело да ве деморализира, но нема да дозволите потполно да изгубите мотивација. Вашето време доаѓа сега. Ако сонувате дека други се расправаат со џелатАко сонувате дека некој друг се расправа со џелат тоа значи дека ќе застанете на погрешна страна во некоја расправија. Со цел да го заштитите пријателот или колегата ќе им се спротивставите на сите. Веројатно ќе бидете свесни дека и двајцата грешите, но немате обичај драгата личност да ја оставите на цедило. Ако сонувате дека се тепате со џелатотСон во кој се тепате со џелатот претставува предупредување да се чувате од озборувања. Најдобро би било кога не би ги слушале ништо, а камо ли прераскажувале. Се што ќе слушнете за другите луѓе задржете го за себе бидејќи во спротивно би можеле да бидете обвинети за ширење лаги. Продолжете да се занимавате со вашиот живот и игнорирајте го сето останато што нема допирна точка со вас. Ако сонувате дека други луѓе се тепаат со џелатотКога сонувате дека други луѓе се тепаат со џелатот тоа симболизира ваша потреба да ги скриете чувствата. Веројатно ви се допаѓа некој кој не би смеел да ви се допадне и свесни сте дека се почесто покажувате симпатии кон таа личност. Можеби некој од вас е во сериозна врска или во брак, па тоа ширење на приказни за вашата симпатија би можело да биде погубно за поголем круг на луѓе. Ако бидете трпеливи, занесеноста ќе ви помине и ќе се вратите на старо. Ако сонувате дека сте го убиле џелатотДоколку сонувате дека сте го убиле џелатот тоа значи дека ќе донесете правилна одлука. Можеби ќе направите радикални промени во својот живот и ќе се плашите од секој нареден чекор. Ова особено се однесува на промена на работно место или место на живеење. Ќе се плашите како ќе се снајдете и дали ќе успеете, но времето ќе покаже дека вашите грижи биле неосновани. Ако сонувате дека некој друг убил џелатАко на сон гледате дека некој убил џелат тоа симболизира олеснување. Со помош на пријателот ќе решите некој проблем кој долго време ве мачел. Во моментите кога ќе посакате да кренете раце од се, сила ќе ви даваат оние кои ве сакаат. Ќе сфатите дека им должите најголеми успеси кои сте ги постигнале во животот, па ќе се потрудите да дознаат колку ви значи нивната поддршка. Ако сонувате мртов џелатСон во кој гледате мртов џелат означува добри вести. Доколку чекате резултати од некој испит, конкурс за работа или пак судење постојат реални шанси дека ќе се израдувате. Тоа ќе ви биде пресврт, настан кој ќе го обележи почетокот на добар период од вашиот живот. Значењето на сонот би можело да биде поедноставно. Доколку сте гледале филм во кој се појавува џелат, тоа сигурно ви оставило впечаток. Дефиниција за џелатЏелат е личност која погубува други лица, специфично за погубување со отсекување на глави. |