Штурец

Term Main definition
Штурец

Ако видите штурец на сон  ве очекува пријатно изненадување на јаве.

Што значи да сонувате штурец?

Ако видите штурец на сон

Ако на сон видите штурец, тоа означува дека наскоро ќе присуствувате на прослава. Можно е некој кој ви е близок да слави важен настан и вие да бидете еден од главните гости. Ќе имате многу обврски околу славењето, па би било добро порано да ги започнете прославите.

Ако слушнете штурец на сон

Кога сонувате дека сте слушнале штурец, тоа укажува дека некој ќе ви соопшти добри вести. Доколку чекате одговор на вашата пријава за работа, може да почнете да се радувате бидејќи ќе биде онаков каков што го посакувате. Ве очекува нов период во животот кој ќе обележите со запознавање на нови луѓе и обврски кои го сочинуваат најголемиот дел од вашето секојдневие.

Ако фатите штурец на сон

Ако сонувате дека сте фатиле штурец тоа имплицира дека ќе имате добра интуиција.  Ќе наидете на период во животот кога ќе можете да го предвидите текот на многу нешта кои ќе ви се случат. Бидејќи тоа се однесува и на убави и на грди настани, во некои ситуации ќе се надевате дека се работи за грешка.

Ако некој друг фатил штурец

Доколку сте сонувале дека други фатиле штурец можно е некој да ви украде одлична деловна идеја. Сте мислиле дека ќе ги импресионирате работодавците или деловните соработници, но тоа нема да се случи бидејќи такво нешто ќе се најде на пазарот. Не дозволувајте тоа да ве обесхрабри, туку продолжете да размислувате на следниот чекор, сигурно ќе смислите нешто оригинално.

Ако сонувате дека ве нападнале штурци

Кога сонувате дека ве нападнал рој од штурци потсвеста ви препорачува да почнете да ги извршувате обврските на време. Сте почнале да го занемарувате учењето или пак тешко ви паѓа извршувањето на задачите на работа. Во моментот ви недостасува мотивација и енергија, но тоа не е доволна причина да не преземете ништо. Време е да почнете да се однесувате во склад со годините.

Ако сонувате дека некој друг е нападнат од штурци

Сон во гледате дека некој е нападнат од рој од штурци укажува на тоа дека ќесе изненадите или шокирате од трачевите кои ќе ги слушнете за себе. Ќе им поверувате на „злите јазици“ дека личност која ја сакате и почитувате шири лаги за вас. Наместо да ја/го нападнете смирено седнете и разговарајте, бидејќи е можно тој/таа да не е иницијатор на трачевите. Не дозволувајте тоа да ви го загрози пријателството.

Ако сонувате дека газите штурци

Ако сонувате дека со нога газите штурци тоа значи дека вестите кои ќе ги чуете нема да ви одат во прилог. Доколку чекате епилог на судски процес нема да ви се допадне конечната пресуда. Од друга страна, ако сте очекувале унапредување работодавецот можеби ќе ви соопшти дека во моментот не е во можност да ви го исполни ветувањето кое ви го дал.

Ако сонувате дека други газат штурци

Кога сонувате дека некој друг гази штурци тоа имплицира дека ќе бидете сведок на некоја огромна неправда.  Ќе бидете во прилика со група на луѓе да одлучувате за нечија судбина.  Повеќето од гласовите ќе донесат одлука која за вас ќе биде целосно нечесна, но нема да можете ништо да направите за да го исправите тоа. Можеби некое време ќе ве гризе совеста, но, ако се обидете сами да помогнете на оној кој сте го оштетиле, ќе бидете помирни.

Ако сонувате дека штурци ви лазат по тело

Овој сон укажува на некој немир. Неспокојни сте поради ситуација која неодамна ви се случила. Можеби не сте добро одреагирале кога некој ве нападнал вербално или лошо сте се однесувале кон личноста која не заслужила да го почувствува вашиот гнев. Во секој случај, ако сонувате дека штурци ви лазат по тело тогаш е време да се запрашате што ве мачи толку.

Ако сонувате дека штурци ви влегуваат во нос, уши или уста

Ако сонувате дека штурци ви влегуваат во уши, нос или уста тоа значи дека ќе морате нешто да премолчите ако сакате да има мир во куќата. Можеби ќе истрпите неоснована критика од некој член на семејството. Поради партнерот, децата или некој трет ќе одлучите да не реагирате, но подоцна ќе се скарате. Добро би било понекогаш да ги задржите грдите зборови за себе за да спречите расправија, но тоа не значи дека треба да дозволите некој да ве критикува и понижува.

Црн штурец

Доколку на сон видите црн штурец со црни крилја и црно тело тоа значи дека би требало да бидете помалку ситничави. Во моментот немате причина да бидете мрзоволни и негативни. Напротив, имате нешта за кои не сте сонувале дека ќе ги добиете, а што е најважно од се потполно сте здрави. Пријателите ве викаат цитничар, а наскоро ќе престанат да ве повикуваат на кафе и дружење, бидејќи им пречи вашата негативност.

Зелен штурец

Ако сонувате зелен штурец тоа значи дека е време на сите да им наоѓате маани. Се сметате за супериорни во однос на многу луѓе кои ги познавате, а оние кои не ги познавате не ве интересираат. Често звучите арогантно и препотентно. Иако е убаво да имате високо мислење за себе, бидете свесни дека поради вашиот став многу луѓе можат да ве замразат.

Жолт штурец

Кога на сон гледате жолт штурец тоа укажува на недоверба која ја чувствувате кон партнерот. Тоа можеби е последица на лошите искуства што сте ги имале во минатото, па се водите според изреката „кого каснала змија и од гуштер се плаши“.  Се трудите да го следите секој негов чекор, внимателно да слушате кога ви говори нешто бидејќи тоа би можеле подоцна да го искоритите против него/неа. Вашето однесување помалку  е параноично. Поради оваа ваша параноја ризикувате да ја изгубите личноста што ја сакате.

Црвен штурец

Црвен штурец на сон симболизира недоследност. Никако не можете да се држите до правилата кои самите сте си ги поставиле. Било да се работи за храна, пијалок, слатки или цигари.Кога и да си ветите дека ќе престанете да се прејадувате, никогаш  тоа не го исполнувате. За среќа се уште немате здравствени проблеми поради овој начин на живот, но немојте да бидете толку сигурни дека се што му правите на организмот нема да си го земе својот данок.

Шарен штурец

Доколку на сон видите шарен штурец тоа значи дека пред вас е еден сјаен период. Ќе имате успех како на љубовниот, така и на деловниот план. Ќе плените погледи со позитивната енергија и ќе сакаат да ве гледаат во друштво. Сето тоа ќе биде благодарение на напорната работа и труд кои секојдневно ги вложувате. Затоа ќе бидете горди на својата доследност и упорност чии плодови наскоро ќе почнете да ги берете.

Значењето може да биде поедноставно. Ако пред скоро време сте виделе штурец, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за штурец

Штурци се крилести инсекти од семејството Cicididae кои се познат по карактеристичното црцорење на мажјаците.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg