Штала

Term Main definition
Штала

Ако сонувате штала на сон тоа значи дека наскоро ќе се ослободите од грижи, ве очекува богатство.

Што значи да сонувате штала?

Ако сонувате штала

Ако на сон видите штала, тоа означува престанок на грижи. Ви претстои поволен период во текот на кој ќе можете да се опуштите и да уживате во заслужениот одмор.

Можно е да отпатувате некаде далеку и да запознаете краеви кои ќе ве фасцинираат. Секое утро ќе ве буди црцорењето на птиците, а природната идила ќе направи да заборавите на обврските кои ве очекуваат.

Ако сонувате дека држите штала

Кога сонувате дека држите штала тоа симболизира задоволство во работата. Наспроти фактот дека се занимавате со нешто што не ви донесува многу пари и не го сметате за перспективно, вие зрачите со позитивна енергија и давате впечаток дека сте личност која вистински е среќна.

Штом ќе влезете во вашата канцеларија во потполност се посветувате на работата и во состојба сте да не работите додека не ги завршите сите обврски.

Ако сонувате дека напуштате штала

Ако сонувате дека напуштате штала тоа имплицира дека ќе се жртвувате. Можно е тешката финансиска состојба да ве натера да правите нешто што не сакате. На почетокот ќе ви биде тешко да се снаоѓате, но со текот на времето ќе сфатите дека мора од нешто да живеете. Дополнителен мотив ќе ви бидат членовите на семејството на кои сакате да им го пружите најдоброто што можете.

Ако сонувате дека уривате штала

Сонот во којшто уривате укажува на тоа дека ќе го погазите ветувањето коешто сте си го дале. Веројатно сте рекле дека никогаш повеќе нема да го направите тоа, но објективните околности ќе ве натераат на спротивното. Дури тогаш ќе ја сфатите точноста на изреката „Никогаш не вели никогаш“.

Ако сонувате дека други уриваат штала

Ако на сон некој друг човек урива штала тоа имплицира дека ќе се разочарате од партнерот или од блискиот пријател. Можеби ќе заборави да ви го честита еден од најважните датуми во вашиот живот или нема да се појави на состанокот со кој порано сте се договориле.

Нема да имате ниту волја ниту сила да ги послушате причините за таквото однесување, туку ќе ги сметате за неважни изговори. Веројатно сте во право, но сепак би требале да покажете разбирање ако сакате да ја задржите оваа личност за себе.

Ако сонувате празна (напуштена) штала

Доколку во сонот гледате напуштена штала во која нема коњи тоа значи дека ви недостасува личноста со која во минатото сте биле многу блиски. Можеби се работи за емотивен партнер или пријател кој се преселил во друг град или со кого без причина сте се оддалечиле.

Често се сеќавате на моментите кога сте биле заедно и ќе посакате да му/ ѝ се јавите, но бргу ќе се премислите бидејќи сметате дека после толкав временски период таквиот потег би бил потполно бесмислен. Ако дозволите другите луѓе да станат дел од вашиот живот, можеби некој од нив ќе успее да ја исполни празнината којашто ја чувствувате.

Ако сонувате дека работите во штала

Доколку сонувате дека дресирате коњи во штала тоа значи дека сакате да имате контрола над ситуацијата во вашиот живот, но тоа често не ви оди од рака. Тешко го прифаќате фактот дека не сте секогаш во право и дека на некои нешта и луѓе немате никакво влијание. Би требале малку да се опуштите и да уживате во животот, бидејќи постојат реални шанси дека ќе се каете бидејќи сте дозволиле животот да ви помине во грижи.

Ако сонувате дека чистите штала

Кога сонувате дека чистите штала тоа имплицира дека ќе мора многу да се потрудите да ги остварите вашите цели. Успехот сигурно нема да дојде преку ноќ, туку ќе мора да вложите многу време и труд и енергија во реализација на своите планови. Меѓутоа, на тој начин постигнувањето на зацртаните цели ќе биде „послатко“ и ќе бидете горди на сè она што сте го направиле за да станете она што сте денес.

Ако сонувате дека други чистат штала

Ако во вашиот сон други чистат штала тоа е предупредување да не дозволите предрасудите да ви влијаат врз животот. Во состојба сте да градите мислење за некого или нешта без да имате никакво знаење или искуство во врска со тоа. Поради тоa доволно пати сте пропуштиле прилика да се забавувате и да запознаете интересни луѓе. Немојте да судите пред да ја запознаете личноста бидејќи  не би сакале и другите така да се однесуваат со вас.

Ако сонувате дека купувате штала

Ваквиот сон укажува на потреба за докажување. Можно е вашето моментално работно место да не изискува многу креативност и останати таленти кои ги поседувате. Би сакале вашите вештини да се забележат и да се вреднуваат, а не наоѓaте начин да се докажете. Можеби за тоа е виновен работодавецот или позицијата во фирмата која ја работите.

Размислувате за промена на работното место или дури занимање. Ако во моментот се занимавате со некое хоби, можеби постои начин да го претворите во готовина.

Ако сонувате дека продавате штала

Сон во кој продавате штала значи дека би требале да ги намалите трошоците. Веќе некое време вашите желби и потреби ја надминуваат состојбата на банкарската сметка. Затоа неретко купувате нешта на кредит за да ја задржите репутацијата на некого кој нема проблем да си дозволи она што го сака.

На тој начин веројатно лечите комплекси. Размислувате зошто сакате другите да мислат дека сте богати. Кога конечно ќе добиете одговор на тоа прашање ќе престанете да запаѓате во финансиска криза.

Ако сонувате дека некој ви подарил штала

Доколку некој на сон ви подарил штала тоа имплицира дека уживате во луксуз. Сакате сè што е отмено и скапо, па кога ќе снемате пари посегнувате по верни копии. Ве воодушевуваат делата на познатите уметници, антиквитети, олдтајмери и во состојба сте за тоа да зборувате со часови.

Желба ви е ако некогаш се збогатите, да си дозволите да си купите старински мебел, лустери со кристали и позлатени предмети. Многумина не ја разбираат вашата страст, па често наидувате на неодобрување од околината за вашите постапки.

Ако сонувате дека некому сте му подариле штала

Ако сонувате дека некому сте му подариле штала тоа значи дека имате таен обожавател. И се допаѓате на личност од блиско опкружување, но тоа никогаш не ви го признал/а. Причините за тоа можат да бидат различни. Од тоа дека вие имате партнер, до фактот дека признавањето би го загрозило вашиот пријателски однос кој го имате во моментот.

Сигурно сте забележале некои знаци, но сте одлучиле да ги игнорирате. Ако и двајцата сте слободни и ако чувствувате дека има некоја хемија помеѓу вас нема ништо лошо во тоа да го направите првиот чекор. Меѓутоа, ако тој/таа не ви се допаѓа немојте да му/и давате лажна надеж.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку пред скоро време сте виделе или биле во штала, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за штала

Штала е градба во која се држат и одгледуваат коњи.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg