Урина

Term Main definition
Урина

Предупредува дека на јаве ве очекува загуба, срам, болест.

Што значи да сонувате урина?

Ако во сон гледате урина, тоа означува болест. Може да се случи да не се чувствувате добро, што никако не треба да го игнорирате. Ќе верувате дека не сте толкав баксуз токму вам да ви се случи нешто лошо, но, дефинитивно, подобро е да спречите отколку да лекувате. На тој начин ќе избегнете многу посериозни последици и ќе покажете дека се грижите за своето здравје.

Сонување дека сте згазиле во урина значи дека ќе се понижите. Веројатно ќе направите нешто што не одговара на вас, поради што ќе се засрамите и себе и другите. Навикнати сте да одржувате одредено ниво, но и вие сте само човек од крв и месо кој е склон кон грешки. На некои после ова ќе им бидете подраги, бидејќи нема да ве сметаат за совршен/а и недопирлив/а.

Кога во сон правите тест за урина, тоа укажува дека ќе размислите за зголемување  на семејството. Можно е да почувствувате потреба да се реализирате како родител и да разговарате со вашиот партнер на таа тема. Ќе се обидете да се подготвите за оваа задача со читање разна литература и размена на искуства со луѓе што ги сметате за добри родители.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе или сте направиле тест за урина, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за урина

Урината е течен отпад кој настанува во бубрезите, и служи за чистење на организмот од штетни материи.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg