Боси нозе
Term | Main definition |
---|---|
Боси нозе | Ако бидеш босоног: сиромаштија, уништен углед; ако одиш: ќе станеш угледен; ако бегаш: ќе западнеш во парични неприлики. Што значи да сте боси на сон?Ако сонувате дека сте босоногиАко во сон вие сте босоног, тоа предупредува на уништен углед. Можно е некој да зборува лаги за вас за да ви наштети или вие ќе направите нешто поради што ќе се срамите. Во секој случај, нема да имате лоши намери, но ќе бидете погрешно протолкувани што може да доведе до бројни проблеми. Ќе почувствувате дека повеќе немате кредибилитет и почитување од другите луѓе како порано, па ќе морате да дадете сè од себе за да го повратите. Ако одите босоногКога сонувате дека одите босоног, тоа имплицира дека ќе станете угледни. Со вредна работа ќе заслужите подобра позиција во фирмата која ќе ви донесе признанија. Секој ден сè повеќе луѓе ќе знаат кој сте и со што се занимавате. Ќе бидете пример на многу личности во вашето опкружување кои со гордост ќе ги прераскажуваат вашите подвизи и успеси. Ако бегате боси во сонАко сонувате дека бегате босоног значи дека ќе западнете во долгови. Кога ќе платите сè што сте позајмиле, буквално ќе бидете на нула и ќе морате да тргнете од почеток. Можно е да го имате тој проблем поради лоша материјална состојба и преголема желба да си угодите и го исполните секој каприц. Нема да бидете свесни дека мора да се откажете од многу работи кои сте можеле да си ги дозволите. Кога ќе ги почувствувате последиците од таквиот начин на живот, ќе ја научите на потежок начин оваа важна животна лекција. Ако во сон гледате босоноги луѓе, тоа симболизира сиромаштија. Веројатно во вашето опкружување имате лица кои живеат во сиромаштија. Тоа на вас ќе остави силен впечаток и секогаш ќе се трудите да им помогнете најмногу што можете. Ако трчате боси по песокКога сонувате дека трчате боси по песок тоа значи дека мечтаете за одмор. Можно е долго да не сте патувале поради задоволство. Доколку моментално немате време или пари некаде да одите, најдобро би било во својата дневна рутина да воведете половина час лесна прошетка. Така ќе ја „исчистите“ главата од лошите мисли и ќе ги наполните батериите за нови предизвици. Доколку во сон ги гледате другите како трчаат боси по песок, тоа имплицира дека ви недостасуваат возбудувања во животот. Работата и секојдневните обврски ве „ставиле во машина“ и често се фаќате како фантазирате дека моментално сте на некое друго место. Ваквиот сон може да се протолкува и како осаменост. Ако трчате бос по камењаАко сонувате како трчате бос по камења, веројатно многу размислувате за тоа каква иднина ве очекува. Моментално ве мачат разни проблеми, а дополнителен притисок создава и тоа што не знаете како да ги решите. Ќе ви треба многу трпение и волја да ја поминете таа фаза, но не треба да западнете во очај, затоа што и до сега сте покажале дека вашата силна волја може да направи чудо. Сонувањето други како трчаат боси по камења, укажува на тоа дека пријателите од вас ќе побараат совет околу некоја многу деликатна ситуација. Ќе се двоумите што да им кажете затоа што никогаш не сте се нашле во таква позиција. Ќе се потрудите да ги сослушате и сосема искрено да го изнесете своето мислење, а на нив е одлуката како ќе изреагираат. Ако трчате или сте бос на треваКога сонувате дека трчате боси по трева тоа значи дека мечтаете за безгрижните денови од детството. Иако сте свесни дека животот не е лесен и дека пред вас секојдневно става препреки кои е тешко да се прескокнат, би сакале барем на кратко да се вратите во периодот кога не сте морале да донесувате важни одлуки, ниту да се грижите за други. Тоа е сосема нормално и скоро секоја личност понекогаш се наоѓа во таква ситуација, но тоа не значи дека треба да се опуштите и да живеете во минатото. Доколку во сон гледате како други трчаат боси по трева, тоа симболизира љубомора. Можеби во блиското опкружување имате некој кој својот живот го организирал онака како што вие не сте умееле. Ви се чини дека тој/таа секој ден напредува, додека вие стагнирате. Добра вест е што тоа е само фаза и што во блиската иднина и сами ќе тргнете во реализација на своите желби и планови. Ако трчате бос по трњеСон во кој трчате бос по трње симболизира разочарување, тага или дури депресија. Можно е неодамна да сте доживеале некои непријатни моменти кои оставиле лош впечаток на вас. После почетниот шок сте се почувствувале предадено и празно. Дозволете времето да ги „излечи тие рани“ и да ја прифатите помошта и советите на оние што ве сакаат. Ако во сон видите други да трчаат боси по трње, потсвеста ве предупредува дека би требало повеќе време да поминувате со семејството и пријателите. Веројатно поради работата и обврските малку сте ги запоставиле и сигурно ви недостигаат, но им недостасувате и вие на ним. Потрудете се да организирате некое дружење затоа што благотворно ќе дејствува на сите вас. Ако трчате бос по стаклоДоколку сонувате дека боси трчате по стакло, тоа значи дека се плашите дека луѓето би можеле да ве повредат. Сте имале лоши искуства во минатото и сега многу повнимателно склопувате пријателства и потешко се одлучувате да започнете нова врска. Дозволете им на лузните да зараснат и и на луѓето да покажат дека го заслужуваат вашето внимание, доверба и љубов. Кога во сон ќе видите други кои трчаат боси по стакло, тоа укажува на лоши вести. Ќе дознаете дека личноста која ја познавате има сериозни здравствени проблеми, па ќе се потрудите да му/ѝ се најдете при рака. Можеби нема да можете многу да направите, но важно е тој/таа да знае дека ја има вашата поддршка. Ако трчате бос по жарСон во кој боси трчате по жар претставува изгасната страст во врска или брак. Веројатно односот со партнерот не е ист како на почетокот на врската, а лошата комуникација или целосен недостиг на истата се одразил и на односите во постелата. За да се поправи тоа ќе морате да вложите многу труд во останатите аспекти од вашата врска или брак, дури тогаш ситуацијата во кревет ќе се подобри. Ако самци сонуваат дека трчаат по жар, тоа укажува на недостиг од секс. Доколку сонувате дека други трчаат по жар, тоа значи дека лекомислено ќе влезете во некоја работа. Ќе ви биде ветена голема сума на пари, но брзо ќе сфатите дека се работи за ризични и илегални работи. Ако на време се извлечете од тоа, ќе поминете без поголеми последици. Ако сонувате деца кои трчаат босиКога во сон ќе видите деца кои весело трчаат боси тоа значи дека многу брзо ќе решите многу проблеми кои ве мачеле. Ќе влезете во помирна фаза од животот која треба да ја искористите на најдобар можен начин. Дефиниција за босоног/аТоа е личност која не носи чевли. |