Боровинки

Term Main definition
Боровинки

Внимание во деловните контакти.

Што значи да сонувате боровинки?

Иако се познати како многу вкусни и здрави, овие сини бобинки не мораат да претставуваат само добри работи кога ќе ви се јават во соништата. Често сугерираат на внимание и неповолни ситуации во кои можете да се најдете, така што време е да се тргнете, ако овие плодови ви се појават во соништата.

Ако гледате боровинки

Треба да бидете внимателни во претстојните работни потфати, некој ќе се обиде неуспешно да ве изигра.

Ако сонувате дека јадете боровинки

Соновите во кои јадете боровинки главно се позитивни, односно имаат позитивно значење. Најчесто обележуваат добро здравје, душевен мир и задоволство од животот. Го впивате само најдоброто од својата околина, но исто и ѝ враќате, и малку работи можат да ве извадат од такт.

Ако некој друг јаде боровинки во сон

Доколку во вашиот сон други јадат боровинки, тоа укажува на загуба поради ризично вложување. Можеби ќе купите автомобил или апарат за домаќинство кој нема да ги задоволи вашите очекувања. Ќе ви биде криво затоа што сте морале да се откажете од многу работи за да ја остварите таа желба. Сепак, не треба да очајувате, туку да пронајдете начин како да го извлечете најдоброто од таа ситуација.

Ако сонувате дрво од боровинки

Кога во сон ќе ви се појави дрво од боровинки, веројатно имате непријатели меѓу пријателите. Некој од вашата непосредна околина не ви мисли и не ви посакува добро, а многу е веројатно дека тој некој ќе се открие. Добро отворете ги очите, предупредени сте и немојте лесно да го сфатите ова предупредување. Мали се шансите таа личност директно да ви наштети, но сепак бидете внимателни, можеби и сама ќе се открие.

Ако сонувате дека берете боровинки

Сонувањето дека берете боровинки може да претставува крај на вашите грижи и проблеми, и почеток на нов период исполнет со мир и радост. Лицата кои сонуваат берба на боровинки често се во некој вид на проблем, а овој сон навестува дека на тоа му доаѓа крај и дека е време вашето тело и вашата душа да се одморат од сите притисоци и стресови.

Ако некој друг бере боровинки во сон

Кога сонувате дека други берат боровинки потсвеста ве предупредува дека сте пречувствителни. Бурно реагирате на секоја ситуација и често ви се случува своето незадоволство да го исфрлите на оние кои тоа најмалку го заслужуваат. Пронајдете причина за таквото однесување и работете на тоа „екцесните ситуации“ што поретко да се повторуваат.

Ако сонувате дека купувате боровинки

Ако во сон купувате боровинки, готово е сигурно дека ви недостасуваат одредени витамини, за здравјето да ви биде сосема урамнотежено. Погрижете се да дознаете што ви недостига и да го решите тој проблем, затоа што, иако ви се чини безопасен, телото никогаш нема да ве предупреди дека му треба нешто, а што не му треба. Здравјето е, пред сè, и на вас останува да се грижите за себе, затоа што ако не сакате  вие, тешко дека тоа ќе биде некој друг.

Ако сонувате дека продавате боровинки

Сонувањето продавање боровинки може да претставува знак дека на некој вам многу близок, му е потребна здравствена грижа и помош. Завртете се, пронајдете ја личноста за која се работи и потрудете се да дадете сè од себе за да ѝ помогнете. Не случајно, токму вам, во сон ви се јавил овој знак, сметајте се за одбрани за таа задача и трудете се да ја направите со срце. Тоа би можел да биде некој од вашето блиско семејство, некој од вашите пријатели, а можеби и некој кој е подалеку од вас, но е со вас во вашето срце.

Ако сонувате дека подарувате боровинки

Ваквиот сон значи дека во иднина ве чека многу интересна средба со лица од спротивен пол. Станува збор за некој кого сте го знаеле површно и не сте имале претерано добро мислење за него/нејзе. Сепак, после едно дружење ќе сфатите дека сте погрешиле и дека можеби би можеле да бидете и нешто повеќе од пријатели.

Ако сонувале дека сте добиле боровинки на подарок

Кога сонувате дека некој ви подарил боровинки, тоа значи дека имате таен обожавател. Во блиското опкружување постои личност на која многу ѝ се допаѓате, но се плаши да ви пријде. Можно е причината да е во вас, по малку ладен став спрема луѓето. Ако сте долго без партнер, потрудете се да бидете попристапни, па некој и би можел да се обиде да ви пријде.

Ако сонувате дека се прејадувате со боровинки

Ако во сон сте се прејале боровинки, или пита од боровинки, тоа е знак на силна желба која мора да научите да ја контролирате. Имате силни сексуални желби и иако тоа генерално не е лоша особина, морате да научите да ги држите под строга контрола, за случајно да не повредите некој кој ви е важен, или уште полошо, некој кого практично и не го познавате, што може да резултира со ширење лош глас за вас, па дури и со судски процеси.

Ако сонувате незрели и скапани боровинки

Вакви соништа ви укажуваат дека пред вас е долг пат до остварување на посакуваните цели. Многу труд мора да биде вложено за да се почувствувате  победник, и за да најдете вистинско задоволство во работата која ја работите, или во некој друг аспект од животот.

Ако сонувате дека пиете сок од боровинки

Ви претстои добро здравје и долг живот.

Ако сонувате дека некој друг пие сок од боровинки

Кога сонувате дека други пијат сок од боровинки, тоа подразбира дека ќе слушнете добри вести од познаник. Можно е да сте биле загрижени за здравјето на лице кое ви е драго, и ќе дознаете дека прогнозите, сепак, не се така лоши.

Ако во сон јадете колач со боровинки

Ако сонувате дека јадете колач кој е направен од боровинки, тој сон означува дека ќе ви се случи умерено радосна случка во животот. Можно е да завршите на некоја прослава која не е директно поврзана со вас.

Ако во сон некој друг јаде колач со боровинки

Доколку во вашиот сон други јадат колач со боровинки, тоа значи дека упорно ќе ги игнорирате туѓите совети. Сте си зацртале јасна цел и убедени сте во успех. На тој пат ништо нема да ве поколеба и затоа не ве интересира што другите мислат за вашите постапки. Сепак, треба да бидете малку повнимателни и да слушнете што поискусните од вас имаат да ви кажат. Некои непредвидени ситуации би можеле да влијаат на вашата самодоверба.

Значењето на ваквите соништа може да биде и многу поедноставно. Доколку неодамна сте јаделе боровинки, колач со боровинки или сте пиеле сок од тоа овошје, тоа сигурно ви оставило впечаток. Исто важи и ако сте читале рецепт во весници или сте гледале кулинарска емисија во која се спремаат слатки со боровинки.

Дефиниција за боровинки

Боровинката е помала, повеќегодишна грмушка, украсена со зрнести плодови со синоцрна боја, со благо кисел вкус. Важи за посебно здраво овошје, и неизбежна е во народната медицина.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg