Соновник | Sonovnik
Term | Main definition |
---|---|
Барака |
Гледање: претчувство за сиромаштија и несигурност; живење во неа: те чека безгрижна иднина. |
Барање некого или нешто | Барање некого или нешто во сон предупредува дека често ќе бидеш вознемируван, те мачат неисполнети желби. |
Барбика | Сонување дека сте виделе барбика: некому се восхитувате. Вие сте барбика: комплекси. Опкружени со барбики: околината не ве разбира. |
Барометар | Сонување барометар значи дека ви претстои болест, неволја, караница во домот. |
Барут | Гледање: не се доверувајте секому, внимателност во разговорот да не ви се удри од глава; палење: несреќа. |
Батерија | Батерија: хаос, откажување. Честа промена на мислењето. |
Батериска ламба | Ако ја видите, значи дека ќе имате помош од влијателен пријател. |
Бебе | Мало, штотуку родено: свесни сте за своите компромиси; Добивање: внесете повеќе живост во својот живот. |
Бегалец | Вашата тајна повеќе нема да биде скриена, неволји. |
Бегање | За мажи: предавство од соработници; за жени: непромислени чувства. |
Бегство | Неуспешно и бесконечно бегство предупредува на опасност со штета. |
Беда | а се биде во беда: поволно ќе ги средите своите можности, ненадејна добивка. |
Бедем | Искачување на бедем: семејни грижи; Висок, стар: добивка, скап подарок. |
Бедра (женски) | Што значи да се сонуваат женски бедра?Толкувањето на ваквите соништа зависи од тоа дали бедрото го сонува маж или жена. Значењето на сонот може да има поедноставно толкување. Ако неодамна сте виделе женски бедра, тоа ви оставило впечаток и тогаш овој сон не се толкува. Мажи Ако маж во сон види убави, полни бедра, тоа подразбира дека нема да може да ги контролира своите желби. Можеби ве привлекува личност која е зафатена. Иако отсекогаш ве привлекувало забранетото овошје, овојпат вашата непромисленост ќе има последици. Доколку се работи за партнерка на ваш пријател, ситуацијата дополнително ќе се искомплицира. Иако нема да сакате да се дознае за вашата врска, вистината ќе излезе на виделина. Околината ќе ве осудува и пријателите повеќе нема да ви веруваат. Кога сонувате грди, слаби бедра, тоа предупредува на кавга во семејството. Ќе имате судири околу наследство и што и да направите, едната страна ќе смета дека е оштетена. Веројатно некои членови на семејството ќе побараат дел што им припаѓа според законот, додека други ќе бараат да не се расфрла имотот. Ова ќе создаде ненадминлив јаз, по што односите трајно ќе се влошат. Доколку маж сонува мазни женски бедра, тоа значи дека го чекаат добри работи во животот. Можно е да добиете работа од соништата или да отпатувате на некоја подалечна дестинација. Во секој случај, ви претстои позитивен период. Би требало да го користите за одмор и релаксација, но и за да се подготвите за нови предизвици во животот. Ако сонувате мускулести женски бедра, тоа значи дека имате комплекси поради својот изглед. Можеби не се обидувате доволно за да изгубите тежина или да добиете мускулна маса. Им завидувате на мажите кои имаат време и волја да поминат часови во теретана, а всушност вие треба да се покренете. Мрзеливоста ви е најголем непријател. Размислете за изреката „Во здраво тело, здрав дух“. Доколку сонувате дебели женски бедра, тоа значи дека имате скриени фетиши. Можно е вашите фантазии да се чудни за повеќето луѓе, па затоа се плашите да му предложите таков вид секс на партнерот. Тоа ве оптоварува и ве плаши, бидејќи дури и кога ќе се вљубите во некоја жена, таа не е подготвена да ги задоволи вашите потреби во кревет. Единствено што ве теши е што се вели дека има сродна душа за секого во светот, па се надевате дека ќе ја пронајдете својата. Кога сонувате за женски бедра покриени со модринки или рани, тоа подразбира дека ќе му згрешите на некој близок. Можно е да ги обвинувате пријателите дека прават сплетки и ви завидуваат на многу работи. Сепак, работите не се како што вам ви изгледаат. Размислете внимателно за вашето однесување, затоа што во спротивно би можеле да ги изгубите долгогодишните пријатели. Не дозволувајте некој да ве „набуцка“ против личност што ја познавате цел живот. Тетовирани женски бедра во сон ја симболизираат потребата од возбуда. Веројатно жалите за вашите младешки денови кога се впуштавте во разни авантури без размислување. Во моментов сте во фаза кога вашите приоритети се малку поинакви, но сепак ви е жал што не уживавте во безгрижноста и слободата уште малку. Обидете се во некој екстремен спорт кој би можел да ви го подигне адреналинот. Ако маж сонува дека бакнува женски бедра, тоа значи дека тој е незадоволен од својот сексуален живот. Можеби партнерот не ги задоволува неговите потреби или сам е подолго време. Во секој случај, таа фрустрација се пренела од јаве на сон. Жени Ако жената сонува мазни женски бедра, тоа го симболизира стравот од изневерување од страна на партнерот. Доколку подолго време сте во брак или во врска, се плашите дека секојдневието во кое сте западнале може да му наштети на вашиот однос со партнерот. Љубоморни сте на секоја жена која комуницира со вашиот партнер и ја гледате како потенцијална закана. Наместо да бидете параноични, гледајте да го подобрите својот однос со партнерот. Во спротивно тој навистина би можел да ве остави. Доколку сонувате мускулести женски бедра, тоа значи дека сте се запуштиле. Си дозволивте да добиете неколку вишок килограми. Тоа ви пречи, но немате волја да држите диета или да започнете да вежбате. Ова резултира со несигурност и недостиг на самодоверба, особено ако досега сте биле слаби. Ако ги промените вашите животни навики и се вратите во форма, ќе се ослободите од пречките да бидете задоволни од себе. Сон во кој гледате дебели женски бедра значи дека вашиот труд нема да се исплати. Без оглед колку време, волја и работа вложувате, резултатите едноставно нема да се видат. Сепак, не дозволувајте тоа да ве поколеба, туку обидете се да најдете нови начини кои ќе ви помогнат да постигнете успех. Ако се откажете сега, ќе ви биде многу тешко повторно да се впуштите во таква авантура. Кога жена сонува бедра покриени со модринки или рани, тоа значи дека ѝ е потребен одмор. Веројатно многу работите или учите и се обидувате да ги завршите сите обврски на време. Минувате низ многу стресен период и понекогаш се чини дека ништо не оди како што сте планирале. Ако си дадете дводневна пауза, ќе видите дека работите ќе одат многу полесно. Ако жена сонува тетовирани бедра, тоа симболизира жалење за пропуштената можност. Можеби сте имале можност во минатото за нешто што би го променило текот на вашиот живот, но од страв одлучивте да го одбиете. Денес, кога ќе размислите за тоа, сè повеќе сте убедени дека не сте биле во право. Меѓутоа, бидејќи сега не можете да промените ништо, свртете се на позитивни работи од сегашноста и испланирајте ги идните потези. Овие видови соништа не се невообичаени за ниту еден пол, но сепак почесто ги сонуваат мажите. Нивното значење може да биде поедноставно ако пред спиење сте гледале во своите или во туѓи бедра. Ако жената сонува тенки бедра, тоа е показател дека мора да оди на гинеколог на годишен преглед. Иако во сите честитки прво посакувате здравје, а потоа сè останато, таа филозофија нема да ја примените на себе. Секогаш ќе најдете изговор или побитни работи да не одите на лекар. Слободното време ќе го потрошите на глупости, но овој сон ќе ве исплаши и ќе ве натера да го промените однесувањето. Вашата приоритетна листа ќе има нов распоред.
|
Безделничење | Успех во коцкање и игри на среќа. |
Бездна | Да сонувате бездна значи дека сте во опасност. |
Бел тигар | Белиот тигар во сон симболизира изразена интуиција. |
Бела боја | Белата боја во сон означува радост и среќа. |
Бела птица | Белите птици во сон симболизираат љубов и радост. |
Белег | На екстремитетите: успех кај спротивниот пол; На телото: избегнете скандал. |
Бело цвеќе | Можеби вашите пријатели ќе ве поканат на свадба или крштевање или ќе ве известат дека очекуваат бебе. |
Бензин | Купување или полнење бензин значи краткотрајно воодушевување. |
Бенка (младеж) | Бенка на лице или тело означува дека ќе чуете непријатни вести. |
Берба | Учествувате во берба: ќе имате радосна средба; Гледате: расположение, среќа во љубовта, богата награда. |
Бербер | Ако сонувате бербер значи дека ќе претрпите загуба, штета, а ако ве бричи ‒ некој те озборува. |
Берза | Берза во сон предупредува на загуба или добивка. |
Бесење | Ако се обесите во сонот ви се заканува соочување со страв, лутина, несреќа. |
Беснило | Беснило во сон означува лутина, бес, срдење. |
Беџ | Да сонувате беџ значи дека ви претстои период на деловна или финансиска сигурност. |
Бешика | Не се заморувајте физички, одете на лекарски преглед. |