Берба

Term Main definition
Берба

Учествувате во берба: ќе имате радосна средба; Гледате: расположение, среќа во љубовта, богата награда.

Што значи да сонувате берба?

Ако во сон учествувате во берба

Кога сонувате дека учествувате во берба, тоа укажува на радосна средба. Ќе видите личност која ви е драга, но не сте биле во контакт долго време. Често сакавте да ѝ  се јавите, но обврските не ви го дозволуваа тоа. Исто така, не бевте сигурни каква ќе биде нејзината реакција после толку време. Ако станува збор за поранешна симпатија, постои можност таа средба да прерасне во љубовна врска.

Ако гледате берба

Ако во сон гледате берба, тоа значи богата награда. Вашиот труд ќе го види претпоставениот и ќе ви понуди подобри услови од оние кои ги имате сега. Можно е тој да инвестира во вашето образование, затоа што смета дека имате потенцијал. Ќе ви се укажат и други деловни понуди кои ќе ви овозможат да заработите повеќе. Ќе бидете во недоумица, па ќе мора сами да одлучите дали ќе останете некаде каде што ќе можете доста да научите или ќе одите таму каде што материјалните можности се поповолни.

Исто така, бербата е симбол на изобилство и среќа во љубовта. Ако се занимавате со земјоделство, ќе имате многу успех и ќе работите со добивка. Сте издржале  многу временски непогоди и конечно ќе можете да живеете од вашата работа. За вас и за вашето семејство ќе имате и повеќе од доволно, додека остатокот ќе го продавате и ќе остварите голема добивка од тоа.

Ако сонувате дека сте одбиле да учествувате во берба

Доколку сонувате дека сте одбиле да учествувате во берба, тоа значи дека ќе се залагате за своите ставови без оглед колку тоа да ве чини. Можно е да влезете во конфликт со колега или претпоставен, бидејќи нема да се согласите за тоа како треба да се заврши некоја работа.

Иако тој/таа е над вас на хиерархиското скалило во вашата фирма, нема да се двоумите да му се спротивставите. Ваш дополнителен мотив ќе биде уверувањето дека тој/таа не ја заслужува позицијата што ја има во моментот, бидејќи не е доволно стручен/а или компетентен/тна, туку до унапредување стигнал/а преку разни пријателски и роднински врски.

Ако сонувате добра берба

Добрата берба во сон симболизира напредок на деловен план. Иако порано се плашевте дека не сте доволно способни за работата што ја работите, ќе сфатите дека навистина научивте многу. Затоа ќе се трудите да бидете што е можно подобри во својата работа и тоа нема да остане незабележано кај претпоставените. Наскоро би можеле да бидете наградени за вложениот труд.

Ако сонувате лоша берба

Лошата берба во сон укажува на проблем со парите. Ќе мора драстично да ги намалите вашите потреби за да имате доволно за да ги сервисирате тековните обврски. Не е исклучено ни да побарате дополнителна работа поради тоа. Тешко ќе ви биде тоа што семејството нема да има разбирање за ситуацијата во која се наоѓате, туку од вас ќе очекува сè повеќе и повеќе. Не дозволувајте си поради тоа да се задолжувате под неповолни услови. Тоа подоцна може да ви предизвика уште повеќе главоболки.

Ако сонувате берба на овошје

Ако сонувате берба на овошје, тоа значи дека со сегашниот партнер сте само за секс. Нема подлабоки емоции од ваша страна.

Ако сонувате берба на зеленчук

Кога сонувате берба на различни видови зеленчук, тоа симболизира просперитет. Ќе влезете во еден мирен период кога станува збор за работата, емоциите и парите. Конечно ќе можете да се опуштите и да уживате во времето што го поминувате со партнерот, членовите на семејството или пријателите. Искористете ги следните денови за да ги наполните батериите и да се подготвите за предизвиците што ви претстојат.

Толкувањето на ваквите соништа зависи и од специфичниот вид зеленчук чија берба ја сонувате. Така, на пример, ако сонувате дека берете пиперки, тоа значи дека ќе можете да направите многу работи. Ќе имате доволно време за работа, пријатели, но и за себе, што ќе ви значи многу.

Доколку, пак, сонувате дека берете домати, тоа подразбира дека бенефитите од своите постапки ќе ги осетите само ако сте трпеливи.

Ако сонувате берба на пченка

Берба на пченка во сон подразбира дека сте личност што ја прават среќни ситници. Вие не сте материјалист и повеќе сакате да се дружите со пријателите и семејството отколку со парите. Никогаш не сте сонувале да бидете богати, па затоа полесно од многу ваши пријатели прифаќате дека понекогаш не можете да си дозволите нешто што сакате.

Ако сонувате жнеење на ориз

Кога сонувате жнеење на ориз, тоа укажува на фактот дека ќе мора да работите напорно за да заработите доволно за своите потреби. Вашите желби веќе подолго време ги надминуваат вашите приходи. Можно е да сте позајмиле пари и сте ги потрошиле парите за некои непотребни работи. Сега ќе се најдете во неволја бидејќи парите едноставно нема да бидат доволно. Можеби ќе прифатите и сезонска работа во странство за да се извлечете од долговите.

Ако сонувате жетва на пченица

Ако сонувате жетва или косење пченица, вашата потсвест ви кажува дека сте мрзливи. Под изговор дека немате време, се случува да не одите на прошетка или да не трчате со денови. Вашето тело го чувствува тоа, па сте почнувате да чувствувате умор дури и кога целиот ден го поминувате во кревет. Ќе мора да се придвижите, бидејќи симптомите може да бидат многу поопасни.

Ако сонувате жетва на јачмен

Ако сонувате жетва на јачмен, тоа значи дека имате проблем со килограмите, без разлика дали сакате да ослабете или да се здебелите. Секојдневните критики од  луѓе што ги познавате не ви помагаат, туку ја „разгоруваат“ несигурноста. Почесто гледате физички недостатоци отколку доблести на вашето тело. Тоа битно влијае на вашата психа, па затоа повеќе сакате да го поминувате времето сами, отколку во поголемо друштво. Сепак, не треба да се откажувате. Ако сè што правите во моментов не ги дава посакуваните резултати, побарајте совет од стручњак.

Ако сонувате жетва на 'рж

Сон во кој гледате жетва на' рж укажува на тоа дека сте личност со слободен дух. Немате предрасуди, затоа без проблем ги прифаќате луѓето такви какви што се. Имате голем број пријатели и познаници. Иако најблиските понекогаш ви кажуваат дека сте премногу наивни, сметате дека тоа не е точно. За вас, луѓето се добри додека не се докаже спротивното.

Ако сонувате жетва на зоб или овес

Кога сонувате жетва на овес, вашето тело ви кажува дека треба да се грижите за тоа што јадете. Свесни сте дека брзата храна е многу лош избор, но сметате дека немате доволно време да готвите секој ден. Тоа наскоро ќе почне да влијае на вашето тело, но, за жал, и на вашето здравје.

Значењето е поедноставно ако неодамна сте гледале берба или жетва во живо или на телевизија. Она што сте го виделе ви оставило впечаток, кој од јаве сте го пренеле во сон.

Дефиниција за жетва

Берба или жетва е собирање плодови од жетвените полиња.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg