Барут

Term Main definition
Барут

Гледање: не се доверувајте секому, внимателност во разговорот да не ви се удри од глава; палење: несреќа.

Што значи да сонувате барут?

Ако сонувате како како гледате барут

Кога во сон ќе видите барут, тоа е предупредување да не се доверувате секому. Во наредниот период ќе се однесувате непромислено и ќе имате премногу доверба во луѓето со кои не сте многу блиски. Секој ќе ве советува како што мисли дека е најдобро, па ќе бидете збунети и сè подалеку од решение. На партнерот нема да му се допаѓа тоа што другите луѓе ги знаат вашите интимни работи, па можно е да  бараат да бидете подискретни.

Ако сонувате палење барут

Ако сонувате дека палите барут, тоа е предупредување да внимавате што зборувате. Можно е да коментирате нешто за колега или пријател со најдобра намера, но вашите зборови ќе бидат погрешно протолкувани. Таа личност ќе дознае дека сте зборувале за неа и ќе ви замери што сте ја озборувале. Ќе се обидете да ѝ објасните за што станува збор, но вашите односи ќе бидат прилично затегнати.

Палењето барут во сон значи и дека ќе реагирате брзоплето во многу ситуации. Често и не сослушувате што некој има да ви каже и го напаѓате без причина. Поради таа особина, многу пати сте поцрвенеле во животот, но никако да ја исправите. Луѓето кои добро ве познаваат се навикнати на вакви испади и повеќе не ги сфаќаат толку сериозно како порано.

Доколку сонувате дека некој друг пали барут, тоа значи дека ќе влезете во дискусија со тврдоглава личност. Ќе се обидете да му/ѝ докажете дека не е во право, користејќи бројни аргументи, но тој/таа нема да се согласи со вас. Во некој  момент ќе сфатите дека нема корист од тоа и дека ги трошите нервите и времето залудно.

Ако сонувате барут кој гори

Ако во сон видите барут кој гори, веројатно ќе се најдете во безизлезна ситуација. Ќе мора да донесете некои одлуки што ќе го одредат понатамошниот тек на вашиот живот. Ќе ви се чини дека сè што правите ќе има негативни последици. Долго ќе размислувате за тоа што да направите, но на крајот ќе донесете правилна одлука.

Ако сонувате како правите барут

Кога сонувате дека правите барут, тоа подразбира некоја опасност. Можно е да одлучите да прифатите ризична работа или ќе се занимавате со нешто што не е во согласност со законот. Веројатно ќе сметате дека тоа е единствен начин да дојдете до пари, иако најблиските ќе ве советуваат да се откажете од нив. Бидете многу внимателни и добро размислете за своите постапки за да не се најдете во голем проблем.

Сон во кој некој друг прави барут значи дека имате непријател. Некој ќе се обиде да ја загрози вашата работа или емотивна врска. Веројатно станува збор за личност која ви завидува или сака да ја преземе вашата работа или партнер. Ќе помине  некое време додека не сфатите за кого станува збор, а тогаш ќе знаете како да се заштитите.

Ако сонувате како правите барут

Ако сонувате дека продавате барут, тоа значи дека ќе мора да арбитрирате во спор помеѓу две лица кои ви се подеднакво драги. Ситуацијата ќе ве натера да изигрувате  судија и ќе ви биде многу тешко да донесете правилна одлука и да заземете став. Нема да сакате да ги повредите ниту едниот ниту другиот, па ќе настојувате да бидете целосно објективни.

Купување барут

Доколку сонувате дека купувате барут, тоа подразбира дека ќе влезете во конфликт со партнер или близок пријател. Ќе чувствувате дека тој ја изневерил вашата доверба и ќе бидете многу разочарани. Ако сте во врска или брак подолго време,  ќе размислувате дури и за развод, но објективните околности нема да ви дозволат тукутака да се откажете од личноста со која досега сте споделувале добро и зло.

Подарување барут

Кога сонувате дека некому подарувате барут, тоа значи дека сте многу амбициозна личност. За да ги исполните своите цели, подготвени сте да сторите сè што мислите  дека е потребно, без оглед на мислењето на околината. Многумина ве сметаат за бескрупулозна личност и избегнуваат да поминуваат многу време во ваше  друштво. Од друга страна, вие сметате дека ви завидуваат на успехот или кариерата која сакате да ја изградите.

Добивање барут на подарок

Ако сонувате дека некој ви подарил барут, тоа подразбира дека се плашите од предавство. Се сомневате во верноста на вашиот партнер или во искреноста на некои пријатели. Постојано ги ставате на тест за да видите дали можете да сметате на нив. Некои ви замеруваат и ви велат дека сте параноични. Вие не гледате така на тоа, само сакате да се заштитите, за да не ви се повтори непријатното искуство од минатото.

Сонување траги од барут на рацете

Кога сонувате траги од барут на рацете, тоа значи дека залудно ќе се обидувате да ги оправдате своите постапки. Некого ќе навредите со своето однесување што во голема мера ќе го наруши вашиот однос.

Ќе се трудите да му/ѝ објасните зошто сте го направиле тоа, но без успех. Гордоста не ви дозволува да се извините, затоа што сметате дека во вашите постапки немало лоша намера. Сепак, на крајот, ќе мора да попуштите ако сакате да ја задржите таа личност покрај себе.

Сонување бесчаден или бел барут

Овој сон е многу редок затоа што оние што го сонуваат често не знаат за каква супстанција станува збор. Меѓутоа, доколку заклучите дека сте виделе барут без чад во сон, тоа значи дека напорот што го вложувате во нешто нема да ви се исплати. Овој вид сон обично има негативно значење, бидејќи се однесува и на приватниот и на деловниот живот. Можно е работата што ја работите во моментот да не ви донесе задоволство во морална или финансиска смисла. Ќе сфатите дека залудно се обидувате и ќе ви биде жал што сте посветиле толку време на нешто неисплатливо.

Од друга страна, можеби сте вложиле многу труд и време во градење на некој  емотивен  однос, што се покажало како грешка. Веројатно ќе сфатите дека партнерот/ката не ви ја возвраќа љубовта и вниманието онолку колку ви е потребно или дека немате исти погледи кон иднината. Додека вие се борите да создадете нешто заедно, тој/таа седи со скрстени раце и го вложува своето време и ресурси во некои, за вас банални работи.

Можеби сте помислиле на почетокот дека ќе се промени, но наскоро ќе сфатите дека сте погрешиле. Од сето тоа ќе извлечете  една битна порака, а тоа е да се откажете од сè за што ќе се потврди дека нема иднина.

Значењето може да биде поедноставно. Ако неодамна сте биле во контакт со барут или сте читале за тоа во весници или сте гледале емисија на телевизија, тоа ви оставило силен впечаток.

Овој сон симболизира и несреќа, па затоа би било пожелно да бидете претпазливи во претстојниот период. Доколку имате имот, би било добро да го осигурите и да бидете внимателни додека возите или во некоја друга активност што бара поголема концентрација.

Дефиниција за барут

Барут е супстанција која брзо гори и ослободува гасови што активираат огнено оружје.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg