Бебе

Term Main definition
Бебе

Мало, штотуку родено: свесни сте за своите компромиси; Добивање: внесете повеќе живост во својот живот.

Што значи да сонувате бебе?

Како и на јаве, и во сон, новороденче или бебе значи исполнување на желбите, нов почеток и потреба да се исправат лошите особини кои нè прават несреќни. Соништата со бебиња многу ретко се негативни...

Ако го сонувате своето новороденче, т.е. своето бебе

Ако во сон го видите своето новороденче, тоа укажува дека ќе посветите повеќе време на себе. Можно е да сте решиле да го реорганизирате вашиот живот и да се вратите на одамна заборавените цели. Ќе се трудите повторно да ги откриете работите што ви создаваа задоволство и да го обновите контактот со луѓе што ги имате, неправедно, занемарено.

Ако сонувате туѓо новороденче

Доколку во сон видите туѓо новороденче, тоа значи дека ве чека среќа во домот. Веројатно ќе сфатите дека членовите на вашето семејство се единствените кои ќе ви  се најдат и во добро и во зло, поради што ќе се потрудите да бидете подобри кон нив отколку порано. Само малку толеранција ќе биде доволна за да завладее мир и спокој во вашиот дом.

Ако сонувате дека чувате бебе

Тоа значи дека сте свесни за компромисот што го направивте. Можно е да не сте задоволни од условите што ви се поставени на емотивен и деловен план. Нема да бидете сигурни дали сте подготвени да го жртвувате слободното време за да напредувате на работа и дали ќе ја жртвувате вашата слобода за да останете со партнерот.

Мора да расчистите со себе што е тоа што би ве направило среќна и задоволна личност. Можно е да сте под притисок на партнерот и околината за да имате деца, па тоа ве мачи и во сон. Свесни сте дека имањето дете е сериозен чекор на кој се одлучувате за цел живот и дека е најдобро да го имате кога двајцата родители тоа го сакаат подеднакво.

Ако сонувате дека сте изгубиле новороденче

Кога во сон ќе изгубите бебе, тоа подразбира дека се плашите од одговорност. Вие сте личност која има многу желби, но штом ќе дојдете чекор поблиску до нивното остварување, се повлекувате и се откажувате. Некако секогаш успевате да се убедите себеси дека не можете да направите нешто и ги слушате само оние луѓе кои го потврдуваат тоа.

Ако сонувате дека бебе плаче

Ако во сон новороденче плаче, тоа подразбира дека ќе ќе бидете препуштени сами на себе. Може да се случи да се најдете во ситуација која ќе биде нова и неизвесна, па ќе мора да се изборите сами. Луѓето кои се грижат за вас нема да се мешаат дозволувајќи ви да се осамостоите и да се впуштите во борбата наречена живот, или нема да се мешаат поради некои свои внатрешни поделби. Во кој било случај, не треба да ги обвинувате за нивната неактивност и летаргија.

Ако сонувате дека сте добиле бебе

Кога во сон ќе добиете бебе, тоа е показател дека треба да внесете малку живост во вашето секојдневие. Рутина завладеала со вашиот живот и тоа ве прави незадоволни. Ќе се чувствувате подобро кога ќе започнете да тренирате некој спорт или да се занимавате со хоби во кое уживате. Дури и ако сте постари, никогаш не е доцна да научите странски јазик или боречки вештини.

Ако сонувате мртво бебе

Ако сонувате мртвороденче, тоа може да значи дека сте загрижени со причина, но дека ќе најдете излез од таа ситуација. Од вас најмногу зависи како ќе гледате на животните проблеми. Ако само зборувате за тоа колку е безнадежна вашата ситуација, тоа навистина ќе стане така. Ќе се дружите со луѓе кои влијаат позитивно на вас.

Кога ќе го смените аголот на гледање на проблемите, ќе сфатите дека тие и не се толку страшни како што вам ви се чинело.

Ако сонувате дека храните бебе

Тоа значи дека чекате да се реши недоразбирањето во кое сте вмешани. Можно е вашите пријатели или партнер да слушнале невистини за вас од злонамерни луѓе. Овие несогласувања ќе се обидете да ги решите со разговор, со напомена  следниот пат да внимаваат во што и кому му веруваат.

Ако сонувате необично бебе

Она што долго сте го посакувале конечно ќе се оствари. Многу сте работеле на себе и заслужувате да почнат да ви се случуваат убави работи.

Ако сонувате дека пресоблекувате бебе

Имате премногу обврски, а семејството тоа не го забележува. Сè додека не се залагате за себе, тие нема да забележуваат. Сепак, постои можност грижата за себе да ве доведе до конфликтна ситуација со блиските и тие да не ве разберат. Треба да го изберете вистинскиот момент за такво нешто.

Ако сонувате дека бањате бебе

Добро здравје, среќа и долг живот.

Ако сонувате дека некој друг го чува вашето бебе

Доколку во сон видите некој да го чува вашето бебе, тоа значи дека сте загрижени за драга личност. Можно е да се плашите дека тој/таа крие нешто од вас. Ваков сон најчесто сонуваат мајки на возрасни деца кои се силно приврзани за нив. Статистиката покажува дека станува збор за мајки кои се особено приврзани за синовите.

Ако сонувате дека некој друг храни бебе

Доколку сонувате дека некој друг храни бебе, тоа го симболизира сомнежот дека сте направиле нешто погрешно. Веројатно ви се случиле некои ситуации после кои пријателите или колегите почнале да ве гледаат поинаку. Ќе помислите дека сте ги навредиле со своето однесување, но со текот на времето ќе сфатите дека тие само што почнаа да ве почитуваат повеќе.

Ако сонувате дека некој друг пресоблекува бебе

Доколку во сон видите дека некој пресоблекува бебе, тоа значи дека ќе ви се случи голема и значајна промена во животот. Кога конечно ќе донесете одлука да се ставите себеси на прво место, другите ќе почнат да се приспособуваат на новонастанатата ситуација. Можеби пријателите ќе ви замерат затоа што немате доволно време за нив, но со текот на времето ќе сфатат дека е важно понекогаш да ги исполните и сопствените желби.

Ако сонувате дека некој друг бања бебе

Кога сонувате дека некој друг бања бебе, тоа значи дека конечно ќе запознаете некој на кој ќе можете да сметате кога ќе ви треба помош. Досега преземавте најголем дел од одговорностите на себе, затоа што сметавте дека најдобро ќе го направите тоа или затоа што таквото мислење владееше меѓу членовите на вашето семејство или колегите на работа.

Сепак, работите ќе се променат на подобро затоа што во вашиот живот ќе се појави некој кој ќе биде подготвен да „наследи“ дел од одговорноста или работата од вас. Тоа ќе ви донесе повеќе слободно време, а со тоа и вашиот живот ќе добие сосема нова смисла.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте виделе ваше или туѓо новороденче, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за бебе

Бебе е беспомошно дете кое сè уште не оди и не зборува. Новороденче е бебе  помладо од еден месец.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg