Бездна

Term Main definition
Бездна

Да сонувате бездна значи дека сте во опасност.

Што значи да сонувате бездна?

Ако сонувате бездна

Кога сонувате бездна, тоа е предупредување дека ќе бидете во опасност. Можно е да поминувате низ тежок период во животот, што се рефлектира и во вашите соништа. Ќе имате чувство дека никој не ве разбира и дека самите се борите со ветерници. Ќе започнете да ја губите надежта дека нешто ќе се подобри, па може да се случи да паднете во депресија.

По наговор на луѓе кои ве сакаат, ќе побарате стручна помош. Оваа одлука нема да им се допадне на некои луѓе од вашата околина и ќе ја сметаат за неуспех и слабост. Вие ќе се водите спoред убедувањето дека нема што да изгубите и дека работите во вашиот живот не можат да бидат полоши.

Исто така, бездната може да укажува дека ви е потребно време да размислите што сакате во животот. Веројатно се наоѓате пред тешка одлука и се плашите да не направите грешка. Другите од вас имаат големи очекувања што ви создава дополнителен товар. Се плашите дека ќе ги изневерите и само би сакале да побегнете некаде далеку.

Бездна може да симболизира емотивна врска или фирма во која работите, но не гледате никаква перспектива. Таму ќе стагнирате и со текот на времето ќе почнете да ги губите работните навики кои тешко сте ги стекнале. Времето ќе поминува, а вие нема да научите нови работи, ниту ќе стекнете многу искуство. Ќе бидете свесни дека сте во слободен пад и дека итно треба да направите промени во вашиот живот.

Толкувањето зависи и од контекстот во кој се случил сонот и од деталите што го придружувале. За време на ваквите соништа, можете да почувствувате паника, страв, немир, беспомошност, возбуда и поретко задоволство или олеснување.

Ако сонувате пад во бездна

Ако сонувате дека паѓате во бездна, тоа значи дека треба да посетите лекар. Тоа што нездраво се храните и не одвојувате доволно време за физичка активност би можело да го земе својот данок. Веројатно и лекарот ќе препорача промена во животните навики. Обидете се да го послушате неговиот совет.

Кога сонувате дека некој друг паѓа во бездна, тоа укажува на вашата немоќ да помогнете на некој што го сакате. Можно е член на вашето семејство или близок пријател да има финансиски проблеми, а ни вашата ситуација не е доволно добра за да можете да му помогнете.

Долго време размислувавте што можете да направите и сфативте дека ќе мора да се помирите со тоа оти вие можете да му/ѝ бидете само морална поддршка, а ни тоа не е мала работа.

Ако сонувате дека некого сте турнале во бездна

Ако сонувате дека некого сте турнале во бездна, тоа симболизира чувство на вина. Сте му премолчиле на партнерот или на пријател нешто многу важно под изговор дека сакате да го/ја заштитите. Се плашите од неговата/нејзината реакција доколку открие што сте направиле, а од друга страна, сè уште немате сила да му/ѝ признаете сè.

Ќе мора да соберете храброст и да кажете за што станува збор, затоа што совеста ќе ве прогонува додека не го направите тоа.

Ако сонувате дека сте скокнале во бездна

Сон во кој вие скокате во бездна значи дека би можеле да се доведете во сериозни проблеми. Во желба да ги добиете парите што е можно побрзо, ќе започнете да се занимавате со нелегални и опасни работи. Ќе мислите дека знаете во што се впуштате, но наскоро ќе сфатите дека едноставно не сте тип на личност која може да се однесува ладнокрвно во такви ситуации.

Би можеле да зажалите што вашата непромисленост и алчност ве довеле до таму.

Ако сонувате како други скокаат во бездна

Овој вид сон укажува на тоа дека имате непријател. Личноста со која сте биле многу блиски ќе започне да кажува одвратни лаги за вас. Ќе ви биде многу тешко да им докажете на сите дека не сте такви како што ве претставува. Ќе се запрашате дали е можно толку долго да сте затвориле очи пред вистината и да сте идеализирале некој што е толку расипан.

Ако ништо друго, ќе научите важна лекција.

Ако се разбудите пред да паднете во бездна

Ако се разбудите пред да паднете во бездна, тоа значи дека вашиот труд и работа ќе се исплатат.

Вашата упорност ќе ви обезбеди голем успех. Кога ќе совладате една голема пречка, ќе сфатите дека сте во можност да се соочите со секој нов предизвик.

Ако сонувате дека стоите на раб на бездна

Овој сон симболизира грижа. Веројатно ќе слушнете дека некој од луѓето кои добро ги познавате се во многу лоша здравствена состојба, па затоа ќе се потрудите да дознае дека ја има вашата поддршка.

Бидете внимателни толкава количина стрес да не го загрози и вашето физичко и ментално здравје.

Ако сонувате дека сте избегнале пад во бездна

Кога сонувате дека успешно сте избегнале пад во бездна, тоа значи дека ќе извојувате важна победа. Можно е вашите одлуки или идеи да наишле на неодобрување од членовите на семејството или колегите.

Требаше да ги убедувате долго време дека не грешите и се обидовте да не покажете ни најмало сомневање во она што го работите. Тој труд ќе се исплати, па ќе добиете поддршка од оние кои ви се важни.

Ако сонувате дека спасувате некого од пад во бездна

Доколку сонувате дека се обидувате да спасите некој што паѓа во бездна, тоа укажува на добри вести. Ќе почувствувате олеснување затоа што ќе слушнете дека саканата личност решила големи грижи. Тоа ќе ви помогне да сфатите дека мора да се грижите за своето здравје и дека треба да одвоите време да се одморите и да се опуштите во секојдневното брзање по обврските.

Ако сонувате дека некого сте фатиле пред да падне во бездна, тоа значи дека во блиска иднина би можеле да решите проблем што ве мачи подолго време. Ви требаше време да се фатите во костец со тоа затоа што сте биле свесни за сите тешкотии што ве чекаат.

Сепак, ќе излезе дека не сте биле во право и дека решението било поедноставно и безболно отколку што сте мислеле.

Ако фрлате нешто во бездна

Овој вид сон укажува на тоа дека ќе направите грешка во врска со саканата личност. Ќе го обвините партнерот за изневерување или пријател за предавство пред да имате докази за тоа. Нема да сакате да го/ја послушате и ќе ги проектирате работите онака како што мислите дека треба. Без оглед на тоа што тој/таа ќе ви каже, вие нема да отстапите од своето мислење.

Ќе мора да помине некое време пред да сфатите дека не сте биле во право. Ќе увидите дека тврдоглавоста може да ве чини  личноста која ја сакате.

Толкувањето е поедноставно доколку неодамна сте прочитале книга или сте гледале филм во кој мотивите се бездна или понор. Вашиот мозок во сон ги обработувал информациите кои сте ги добиле на јаве.

Дефиниција за бездна

Бездна значи големо пространство без дно.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg