Барометар

Term Main definition
Барометар

Сонување барометар значи дека ви претстои болест, неволја, караница во домот.

Што значи да сонувате барометар?

Ако сонувате барометар

Кога сонувате барометар, тоа предупредува на болест. Поради обврски нема да имате време да одите на лекар, па обична настинка може да прерасне во многу посериозен проблем. Нема да водите доволно сметка за здравјето и секогаш ќе најдете изговор да не одите на редовен преглед. Исто така, другите секогаш ќе ви бидат поважни, па ќе се грижите за нив запоставувајќи се себеси. Вашата околина тоа ќе го увиди, па ќе ви врши притисок да се однесувате поодговорно.

Друга можност е да имате караница во домот што ќе ве потресе. Веројатно ќе се судрите со родителите поради различни ставови. Јазот меѓу генерациите ќе дојде до израз и тие ќе сакаат сè да работите како што тие мислат дека е најдобро за вас. Ќе ви пречи што најмногу се грижат за тоа како да им угодат на другите луѓе и што тие ќе кажат. Ќе имате чувство дека вие не сте им важни, туку вашите успеси со кои можат да се фалат во друштво. Сето тоа ќе има многу лошо влијание врз вашиот однос, па со текот на времето сè повеќе ќе се оддалечувате и ќе се разминувате во мислењата.

Третата можност е дека вашата потсвест ви порачува оти сте многу оптоварени со планови што сè треба да постигнете до одредена возраст. Можно е да не сте ги исполниле очекувањата кои ги имавте, па ве плаши дека повеќето од своите цели нема ни да ги остварите. Ќе мора малку поопуштено да гледате на работите и да сфатите дека човекот може да постигне успех во која било фаза од животот. Со тоа ќе ви биде полесно да се помирите со некои неуспеси и во секој нов ден ќе влегувате растоварени.

Ваквите соништа можат да предизвикаат различни чувства, од страв, паника, исчекување, вознемиреност, до среќа и олеснување. Толкувањето зависи и од контекстот во кој се случувале и од деталите што ги придружуваат.

Ако сонувате купување барометар

Ако сонувате дека купувате барометар, тоа значи дека сте си поставиле големи ограничувања кои ве спречуваат да бидете среќни и задоволни. Секогаш се трудите да ги исполните очекувањата на другите луѓе, да бидете добар пријател, брат/сестра, пријател, а при тоа неретко заборавате што вие навистина сакате. Сами себе во многу работи сте се ограничиле. Поради тоа сте пропуштиле доста убави моменти и е можно поради тоа сега да жалите. Имајте на ум дека никогаш не е доцна некои навики да се променат, особено кога имате добар мотив за тоа.

Ако сонувате продавање на барометар

Кога сонувате дека продавате барометар, тоа симболизира бес или лутина. Веројатно неодамна сте имале непријатен разговор, и не сте задоволни од сопствените одговори и аргументите што сте ги поставувиле пред соговорникот. Во потсвеста повторно поминувате низ тој разговор и размислувате што би направиле и би кажале поинаку. Доколку не сакате вашите соништа со вакво значење да се повторуваат, ќе мора што побрзо да се ослободите од тоа што ве мачи. Сега, едноставно ништо не можете да промените.

Ако сонувате подарување барометар

Доколку сонувате дека некому сте му подариле барометар, тоа подразбира дека ви недостасува внимание. Можно е односите со партнерот веќе некое време да варираат од идилични до катастрофални. Тој однос топло-ладно сè повеќе ви пречи и вие би сакале тоа да го промените, но се плашите дека тој/таа нема да има разбирање за вашите желби. Единствениот начин тоа да го дознаете е да разговарате со него/неа отворено.

Ако сте сами подолго време, недостатокот на внимание е сосем природен. Би сакале да имате покрај себе некој што ќе умее со вас да споделува и тажни и среќни моменти. Можно е во животот само тоа во моментот да ви недостасува.

Добивање барометар како подарок

Кога сонувате дека некој ви подарил барометар, тоа значи дека имате таен обожавател. Веќе некое време покрај себе имате личност која не ви ги открива своите вистински чувства. Можеби дури и сте забележале промена во неговото/нејзиното однесување, но тоа му го припишувате на безопасно и погрешно чувство. Сепак, ако обрнете внимание, ќе сфатите дека некој се обидува да го привлече вашето внимание, почит, а во крајна инстанца и љубов. Доколку немате намера да бидете со таа личност, би било убаво ако ѝ кажете веднаш. Со тоа може ќе му го скршите неговото/нејзиното срце, но барем ќе знае дека нема на што да се надева.

Фрлање барометар

Доколку сонувате дека сте фрлиле барометар, тоа значи дека ќе престанете да се навраќате што околината мисли за вас и дека конечно ќе започнете да го живеете животот со полни гради. Предолго ве ограничувало тоа што сте се труделе за своите постапки да најдете потврда меѓу најблиските, па сè сте направиле како што  мислевте дека тие би сакале. Веројатно дошол вистински момент да поработите на исполнување на сопствените желби и потреби. Колку некои луѓе и да ве осудуваат,  обидете се да истраете во своите намери.

Кога сонувате дека некој друг фрлил барометар тоа го симболизира стравот дека ќе останете сами. Можно е да сте сфатиле дека поради својот карактер многу луѓе сте избркале од својот живот, и дека поради својот став многумина сè уште не сте ги пуштиле внатре. И понатаму се држите до тоа дека е подобро да се биде сам отколку во лошо друштво, но доколку малку не го намалите гардот и започнете да ги сакате луѓето со сите нивни доблести и мани, ќе се оствари вашето најмрачно претчувство.

Расипан барометар

Ако сонувате дека сте го расипале барометарот, веројатно ве мачи сомнеж во сопствените способности. Се трудите секоја работа да ја завршите правилно, професионално и на време, без разлика дали станува збор за испити на факултет,  задачи на работа или домашни работи. Сепак, многу често мислите дека тоа не е доволно добро. Премногу се потценувате, а тоа се чувствува во односите со другите луѓе. Ако не се почитувате себеси, нема да можете да очекувате ниту другите да ве ценат.

Кога сонувате дека некој друг го расипал барометарот, некој ќе ве обвини за нешто што не сте го сториле. Ќе треба многу труд и нерви за да се докажете дека таа личност не е во право. Ви претстои многу стресен период во кој мора максимално да се потрудите, пред сè, да го зачувате своето здравје. Гледајте на тоа како на лоша фаза што нема да трае вечно.

Сон во кој гледате расипан барометар симболизира залуден труд. Можно е да ви се допаѓа некоја личност и на сите начини се обидувате да ја освоите, но не успевате. Веројатно е време да се откажете и да барате сродна душа во некој друг.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Можно е неодамна да сте виделе барометар, па затоа ви е врежан во потсвеста.

Дефиниција за барометар

Барометарот е инструмент за мерење на воздушниот притисок.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg