Боранија

Term Main definition
Боранија

Јадење: радосен настан; готвење: промена на животните услови.

Што значи да сонувате боранија?

Ако јадете боранија во сон

Ако во сон јадете боранија, тоа укажува дека ќе имате радосни настани. Ќе воспоставите рамнотежа во вашиот живот и ќе имате доволно време да се посветите на деловните и приватните обврски. Ќе зрачите со позитивна енергија и ќе ги привлекувате луѓето и настаните кои се слични на вашето расположение.

Пријателите ќе уживаат во вашето друштво и едвај ќе чекаат да се видат со вас.

Ако сонувате дека готвите боранија

Кога сонувате дека готвите боранија, тоа имплицира дека ќе дојде до промена во вашите животни услови. Доколку порано не сте воделе сметка како ги трошите парите, во наредниот период ќе морате да внимавате. Вашите можности нема да бидат толку поволни и ќе влијаете на сите членови од семејството да не се расфрлаат.

И наспроти тоа. Ако сте живееле скромно, ќе можете да си дозволите многу работи кои за вас претставувале апстрактна именка. Ќе вложувате во образованието кое ќе ви обезбеди добра плата, работа и безгрижна иднина.

Ако берете боранија

Сонувањете дека берете боранија предупредува на кавга. Ќе влезете во конфликт со член од семејството околу поделба на имот. Ќе сметате дека заслужувате повеќе и дека неправедно сте запоставени. Никој нема да сака да попушти и да му угоди на другиот. Можно е дека ќе се оддалечите после ова.

Ако јадете сурова боранија

Доколку сонувате дека јадете сурова боранија, тоа значи дека ќе имате парични проблеми при купување или уредување куќа или стан. Ќе сфатите дека немате доволно средства да реализирате сè што сте планирале. За среќа, на помош ќе ви „скокне“ некој од членовите на семејството или близок пријател, па без дополнителни задолжувања ќе го завршите она што сте го почнале.

Ако сонувате дека садите боранија

Кога во сон садите боранија тоа подразбира дека наскоро би можеле да запишете курс по странски јазик, сметководство или програмирање во желба да стекнете нови вештини кои би можеле да ви помогнат да најдете подобра работа.

На самиот почеток ќе ви биде тешко да ги усогласите сите обврски, но трудот и откажувањата ќе се исплатат. Затоа немојте да се двоумите! Крајно време е да пронајдете нешто во што сте добри и својата вештина со учење да ја доведете до совршенство.

Ако сонувате дека плевете боранија

Вакви соништа значат промена на работно место. Можеби ќе одлучите да ја промените работата или да почнете сопствен бизнис. Оваа промена добро ќе ви дојде затоа што веќе некое време чувствувате презаситување од моменталната работа.

Ќе ви треба некое време да се навикнете, но брзо ќе почнете да се чувствувате како „риба во вода“. Послушајте ги советите од поискусните колеги кои веќе ги „прележале тие детски болести“.

Ако сонувате дека чистите боранија

Доколку сонувате дека чистите борнија тоа главно значи дека не сте задоволни со начинот на кој вашиот работодавач или колегите ве третираат. Чувствувате дека вашиот труд не е препознаен и правилно награден. Дополнително ви пречи што се наградени некои колеги кои тоа, по ваше мислење, помалку го заслужуваат од вас.

Ќе решите да се спротивставите, но тоа нема да ги донесе посакуваните резултати. Размислете за промена на работното место и не дозволувајте стравот од неуспех да ве запре во намерата да изградите успешна кариера.

Ако сонувате дека миете боранија

Кога сонувате дека миете боранија тоа симболизира штета. Можно е да имате дефект на автомобилот или на некој апарат за домаќинство. Со оглед дека не сте сметале на тоа кога сте го распоредувале домашниот буџет, поправката ќе мора да почека до следниот месец. До тогаш некако ќе се снајдете.

Ако сонувате дека купувате боранија

Ако сонувате дека купувате боранија, тоа значи дека некој од членовите на семејството ќе одлучи да се пресели во друг град или држава. Тешко ќе ви падне тоа што повеќе нема често да се гледате, но ќе знаете дека тоа е добра одлука и дека ќе му/ѝ помогне да ја изгради кариерата и ќе си обезбеди поудобен живот.

Ако сонувате дека продавате боранија

Вакви соништа укажуваат на средба со личност која долго не сте ја виделе. Можеби ќе ви се јави некој член од роднините кој веќе подолго време живее и работи во странство. Од друга страна, можно е дека ќе добиете повик од личност која долго ви била блиска, а со која повеќе не сте во контакт. Во секој случај, разговорот со него/неа ќе ви годи затоа што ќе се сетите на некои побезгрижни и посреќни времиња.

Ако сонувате дека подарувате боранија

Доколку сонувате дека некому сте подариле боранија тоа значи дека имате потреба да се дистанцирате од негативни луѓе. Конечно сте во оптимистично расположение и ви пречи што другите со своето однесување лошо влијаат на тоа. Затоа во наредниот период ќе внимавате со кого се дружите за да го сочувате својот душевен мир.

Ако сонувате дека сте добиле боранија на подарок

Ако сонувате дека некој ви подарил боранија, тоа имплицира дека ќе ве израдува некоја ситница. Моментално не тежите кон големи работи и многу ве прават среќни ситни успеси. Освен тоа, сте сфатиле дека од пари, работа и друштвен углед поважни ви се здравјето на вашето семејство, па токму во нив ќе ја црпите силата за секој следен предизвик.

Ако сонувате зелена боранија

Кога во сон ќе видите зелена боранија, тоа симболизира завист и љубомора. Можно е во своето опкружување да имате некој кој во животот постигнал сè она за што вие сте мечтаеле. Наместо да се трудите и самите да дојдете до успех, вие се јадете што тој/таа е во подобра положба од вас. Ова е сосема погрешен пристап и морате што побрзо да престанете на тој начин да ги резонирате работите.

Жолта боранија

Жолтата боранија во сон симболизира себичност. Сте одлучиле себеси да се ставите на прво место, дури и пред оние кои ги сакате. Убаво е да сте си најважни, но сте почнале да ги запоставувате оние кои тоа најмалку го заслужуваат. Ако веќе не можете да им пружите ништо друго, „почестете“ ги со половина час од своето слободно време. Размислете дали пријателствата и познанствата на кои моментално инсистирате ви се поважни од оние кои сте ги стекнале уште во детството. Не го запоставувајте семејството!.

Шарена боранија

Ако сонувате шарена (виолетова) боранија, тоа значи дека се плашите оти партнерот ви е неверен. Веќе некое време забележувате дека чудно се однесува и дека приоритетите му/ѝ се драстично променети. Сепак, немојте да носите пребрзи заклучоци, ниту да ја/го шпионирате, да проверувате мобилен телефон и слично. Обидете се да разговарате како двајца возрасни луѓе. Можеби нема да ви признае дека постои некој друг/а во неговиот/нејзиниот живот, но сигурно ќе откриете нешто ново што би можело да влијае на вашето мислење.

Ако сте долго сами, вакви соништа симболизираат страв дека никогаш нема да ја пронајдете „сродната душа“.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте подготвувале и сте јаделе боранија, тоа ви оставило впечаток.

Дефиниција за боранија

Боранија е зеленчукова култура од семејството Fabaceae.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg