Борба

Term Main definition
Борба

Со ѕверови: пропаднато наследство; со жена: кавга; со мртовци: неуспех во работата; ако победите во борба: ќе избегнете голема опасност; со животни: неочекувано наследство.

Борба - што значи ако сонувате борба?

Борба со ѕверови во сон

Ако во сон се борите со ѕверови, тоа значи дека вашето наследство ќе пропадне. После долга и напорна борба околу поделба на семејниот имот, вие ќе бидете губитник. Други наследници ќе влијаат на тоа да бидете исфрлени од тестаментот и секој пат кога ќе влезете во конфликт со нив, имате чувство како да сте во кафез со ѕверови.

Без оглед на разочарувањето од неправедната одлука која ќе биде донесена, ќе ви олесни кога таа приказна ќе заврши.

Ако сонувате дека се борите со жена

Ако сонувате борба со жена тоа предупредува на кавга. Партнерката и вие ќе имате судир која ќе прерасне во сериозен проблем. Можно е да согледате дека вашите погледи на светот и иднината битно се разликуваат.

Двајцата ќе сметате дека сте измамени и дека партнерот лажел дека се согласува со вас за да ве освои, но пред првата препрека го покажал вистинското лице.

Ако се борите со мртви или со зомби во сон

Кога сонувате дека се борите со мртовци, тоа симболизира неуспех во работата. Можно е да бидете под притисок затоа што сте сакале да им докажете на колегите дека ја заслужувате позицијата која ја имате. Можно е да работите во фирма која припаѓа на член од семејството или го менувате сопственикот кој е ваш роднина.

Имате чувство дека сите ве потценуваат и дека едвај ги чекаат вашите грешки. Ќе се борите со споредувањата кои секогаш ќе бидат на ваша штета во однос на луѓе кои претходно биле на тоа место.

Ако победите во борба

Доколку во сон победите во борба, тоа укажува дека ќе избегнете голема опасност. Ќе се замерите со погрешни луѓе и тоа ќе ве чини скапо. Ќе имате многу среќа и ќе почувствувате кога е момент да се повлечете од тоа.

Ако изгубите во борба

Доколку сонувате дека сте поразени во битка, тоа укажува на фактот дека вашата нежна природа не може да се спротивстави на подмолните непријатели. Имено, во својот живот имате личност која упорно ви ги наметнува своите ставови и одлуки за  што повеќе да работите во негов/нејзин интерес.

Со оглед на тоа дека вие сте добронамерна и помалку наивна личност, вие не гледате ништо лошо во таквите постапки. Сепак, кога конечно ќе сфатите дека тој/таа ве искористува тешко ќе се спротивставите на тоа. Нема тука многу филозофија - пресечете и конечно тргнете го/ја од својот живот.

Ако се борите со животни

Сонувањето дека се борите со животни подразбира дека ќе добиете неочекувано наследство. На вас ќе се сети роднина од кого тоа не сте го очекувале. Веројатно порано сте биле блиски, но времето и далечината си го направиле своето.

Тоа нема да има голема материјална вредност, но на вас ќе ви значи вниманието и ќе ве потсети на убавите моменти од минатото.

Жена ако сонува борба со маж

Ако жена сонува дека се бори со маж, тоа укажува на проблем со авторитетот. Веројатно на работното место имате надреден кој на таа позиција не дошол со својата работа и исклучителни квалитети, па имате проблем да го цените како шеф. Поради тоа сте во постојан конфликт.

Тој/таа сака да го/ја почитувате и да работите онака како што ќе ви се каже, а вие сте свесни дека тоа е погрешно и не сакате слепо да ги следите погрешните упатства. Некој од вас ќе мора да попушти, затоа што таквата атмосфера на работно место е потполно нездрава.

Ако сонувате дека тргнувате во борба

Ако сонувате дека тргнувате во битка, тоа значи дека конечно ќе сфатите кои ви се непријатели и дека успешно ќе се одбраните од нивните лоши намери. Ќе смислите добра стратегија и нема да им дозволите да ве загрозат.

Можно е на работа да имате „опасен“ конкурент кој нема да се лиши од употребата на сите дозволени или недозволени средства за да ви ја преземе работата. За среќа, вашата мудрост и храброст тоа нема да му/ѝ го дозволат.

Ако сонувате дека сте ранети во борба

Ваквите соништа укажуваат на проблеми во комуникација со блиска личност. Можеби партнерот ќе ја изневери вашата доверба со тоа што вашите заеднички пари ќе ги вложи во нешто потполно неисплатливо.

Тоа ќе ве разочара и ќе ве налути и ќе стекнете впечаток дека тој/таа не размислува за вашата иднина. Од тоа ќе научите дека е подобро некои работи да ги преземете на себе, пред тој/таа целосно да ве „раскуќи“.

Ако сонувате ранети во битка

Доколку во сон ги видите оние кои се повредени во текот на битка, тоа значи дека ќе се најдете во позиција од која не гледате излез. Ќе ви се чини како да сте западнале во „маѓепсан круг“ и дека баш ништо не ви оди од рака. Дополнителен стрес ќе претставуваат критиките од некои луѓе кои немаат разбирање за сè што работите.

Веројатно се работи за членови од подалечното семејство кои едвај дочекале неуспехот да ви го „набијат на нос“. Сепак, не треба да очајувате, туку да продолжите да се борите со внатрешни и надворешни „демони“. Сочувајте го здравјето и мирот, а останатото ќе дојде само по себе.

Ако сонувате дека сте настрадале во текот на борба

Кога сонувате дека сте загинале во битка, тоа подразбира дека во многу тешки моменти ќе имате поддршка. Имено, секојдневните грижи и проблеми со парите ќе ве доведат до лудило. Имате чувство дека, колку и да се трудите, не можете да споите „крај со крај“.

Во моментот кога ќе ви се причини дека сите бродови ви потонале, голема поддршка и помош ќе пристигне од еден од членовите на семејството. Тој/таа многу ќе направи за вас и затоа бидете подготвени да му/ѝ се оддолжите кога за тоа ќе дојде време.

Ако сонувате загинати во текот на битка

Ако во сон гледате луѓе кои гинат во битка, потсвеста ве предупредува дека понекогаш сте многу остри према оние кои ве сакаат. Не им простувате ни најмала грешка и често изгледате грубо и бесчувствително кога со нив разговарате.

Ќе морате да го промените пристапот затоа што со своите зборови и дела многу ги повредувате. И сами сте свесни дека тие тоа не го заслужуваат, па тогаш имајте разбирање во моментите кога ќе погрешат.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако сега водите борба со себеси или со другите, тоа ви оставило силен впечаток.

Дефиниција за борба

Борба или битка е вооружен судир на спротивставени страни на копно, море или во воздух и се водат поради територија, власт, вера и други причини.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg