Брава

Term Main definition
Брава

Помирување со противникот, ќе откриеш некоја тајна, те очекуваат пречки.

Што значи да сонувате брава?

Ако гледате брава во сон

Ако во сон гледате брава, тоа подразбира дека ќе се помирите со противникот. Ќе сфатите дека немате многу корист од расправија, па затоа ќе ѝ предложите на личноста што ја сметате за конкурент да заборавите на проблемите од минатото. Ќе се водите од изреката дека пријателите треба да се држат блиску, а непријателите уште поблиску.

Од истите причини и тој ќе ја прифати вашата понуда. Можно е да се  изненадите затоа што кога ќе го запознаете подобро, ќе видите дека не е толку лош како што мислевте.

Ако сонувате дека обивате брава

Кога сонувате дека обивате брава, тоа значи дека ќе откриете тајна. Можеби нема да имате доверба во партнерот, па ќе сакате да ги проверите неговите лични работи за да пронајдете докази кои би ги потврдиле или побиле вашите сомневања. Иако сте се обиделе да се подготвите за најлошото, вистината ќе ве погоди. Ви претстои да донесете важна улога која е поврзана за вашата иднина.

Втората можност подразбира дека ве очекуваат пречки. Ќе се обидете да го решите проблемот на работа најдобро што умеете, но ќе наидете на завист и противење од колегите. Ќе мора по потешкиот пат да се изборите за она што го сакате.

Ако некој друг обива брава

Доколку во сон видите дека други обиваат брава, тоа значи дека ќе успеете да решите голем проблем со помош на пријател. Веројатно некој од нив ќе ви даде многу корисен и конструктивен совет во врска со важна животна одлука. Ако сте одлучиле да ги смените работното место или местото на живеење, ќе имате поддршка од луѓето што ве сакаат.

Ако сонувате дека отклучувате брава

Ако во сон не можете да отклучите брава, тоа симболизира депресија и вознемиреност предизвикана од вистински проблеми. Можеби сте на раскрсница и  не знаете по кој пат да тргнете. Ви недостасува волја и мотивација, а ниту финансиската состојба не е добра. Можеби овој пат навистина треба да ја слушате својата интуиција.

Не правете нешто „против ваша волја“, затоа што нема да бидете успешни ни задоволни. Пронајдете го она што ве интересира и тргнете кон својата  цел. Ќе има многу предизвици, но со самосожалување и тага секако нема да постигнете ништо.

Ако сонувате дека не можете да отклучите брава

Кога сонувате дека не можете да отклучите брава, потсвеста ве предупредува дека мора да престанете да ги криете своите чувства. И добро и лошо држите во себе, што може да биде штетно за вашето здравје. Под итно пронајдете го „издувниот вентил“ или ќе експлодирате.

Понекогаш не е лошо да признаете дека не можете или не сакате да направите нешто, без оглед колку се плашевте дека ќе го навредите оној што ќе ви побара услуга.

Ако сонувате дека заклучувате брава

Сон во кој заклучувате бравата укажува на тоа дека сте се затвориле во себе и не дозволувајте никому да ви пријде. Вашето однесување ги загрижува луѓето околу вас затоа што порано сте биле комуникативна личност која сакала да се дружи.

Веројатно станува збор само за фаза, но ако потрае ќе мора да почнете да го сфаќате тоа како проблем. Само вие знаете што толку ве мачи и зошто изгледате отсутни и малку разочарани во сè.

Ако сонувате дека не можете да заклучите брава

Ако во сон неуспешно се обидувате да заклучите брава, тоа подразбира лоша комуникација со партнерот. Честите расправии и караници не се последица на недостиг на љубов, туку на недоразбирање. Можно е да имате различни погледи за животот или да не можете да ги усогласите сопствените планови со желбите на партнерот.

Во секој случај мора да поработите на тој однос за да опстане вашата љубов.

Ако сонувате дека поправате брава

Ваквиот сон укажува на тоа дека би требало да верувате во себе малку повеќе. Ако сакате нешто, обидете се тоа да го остварите, без оглед што мислат другите луѓе за тоа. Време е да престанете да ги слушате реакциите на околината на секој ваш потег.

Вие имате право да го режирате својот живот и да носите одлуки што влијаат на вашата иднина.

Ако сонувате дека други поправаат брава

Кога сонувате дека други поправаат брава, тоа укажува на фактот дека некои луѓе премногу ви се мешаат во животот. Веројатно станува збор за постар член на семејство кој смета дека поради своето искуство има право да ве насочува како што сака. Покрај себе имате манипулатор и многу е лесно да се воочи.

Проблемот е во тоа што се плашите да се спротивставите затоа што не сакате да го расипете тој  однос. Сепак, ќе мора да се заземете за себе.

Ако сонувате дека купувате брава

Ако во сон купувате брава, тоа значи дека ви недостасува самотија и мир. Можно е да поминувате низ стресен период и да не ви одговара што сте постојано опкружени со луѓе. Би сакале да ги разбистрите мислите и да ја одморите главата, но никако  не успевате да „избегате“ од сите.

Би било добро кога барем на два дена ќе ја  смените средината, за да ги „наполните батериите“ за новите предизвици што се  пред вас.

Ако сонувате дека продавате брава

Доколку сонувате дека продавате брава, потсвеста ве предупредува дека премногу им откривате на другите за себе. Сте ги довериле своите планови, идеи и цели на луѓе кои би можеле тоа да го злоупотребат. Убаво е што имате доверба во луѓето околу вас, но не мора баш сите да знаат сè.

Ако сонувате бравар

Ако во сон разговарате со бравар, тоа значи дека ќе успеете да го обновите контактот со личноста со која не сте разговарале долго време, а во минатото ви значела многу. Кога сонувате дека се карате со бравар, тоа значи дека ќе ви се отворат нови можности, дека ќе дојдете до многу важни информации што би можеле да ви помогнат во приватен или во деловен однос.

Доколку бравар ви дава совет во сон, тоа значи дека треба да размислите во која насока сакате да оди вашиот живот.

Ако сè уште сте на факултет, треба да ги преиспитате можностите за вработување по дипломирањето или да ја смените насоката ако дојдете до заклучок дека нема да можете да најдете работа.

Ако сте веќе вработени, треба да се запишете на некој курс или семинар за да стекнете нови знаења и вештини. Тоа може да ви помогне во понатамошната кариера.

Сонот во кој се тепате со бравар симболизира разочарување во драга личност. Некој ќе ја открие вашата тајна и со тоа засекогаш ќе ја „прокоцка“ вашата доверба. Тоа воедно ќе биде крај на вашето дружење, бидејќи никогаш нема да можете да  поминете преку тоа.

Кога сонувате дека сте убиле бравар, тоа значи дека сте претерале во намерата да бидете подобри од сите. Сами сте си наметнале товар што не можете да го носите. Изберете една работа и потрудете се да бидете најдобри во неа, ваквите „расфрлани“ интереси и амбиции да бидете совршени може да ви донесат само стрес и ништо повеќе.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте поправале брава, тоа ви оставило впечаток.

Дефиниција за брава

Бравата е предмет за отклучување и заклучување врата.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg