Брак

Term Main definition
Брак

Договарање: добивка; склопување: вашата желба нема да се оствари; напуштање: добра заработка.

Што значи да сонувате брак?

Ако во сон договарате брак

Кога во сон договарате брак, тоа симболизира добивка. Реално размислувате за сè и се трудите да го добиете најдоброто за вас. Многумина би рекле дека сте материјалист, но вие мислите дека сте практични. Сметате дека е неодговорно да се водите само од емоции и без пресметки да се впуштате во неизвесни авантури.

Не ви е јасно како луѓето од вашата околина се одлучуваат за брак или за заеднички живот кога немаат материјални услови за тоа.

Ако сонувате дека склопувате брак

Сонувањето дека склопувате брак значи дека вашата желба нема да се оствари. Вашата врска со партнерот нема да резултира во брак.

Со текот на времето ќе сфатите дека вашите чувства не се исти како порано и дека сте се оддалечиле. Ќе имате различни планови за иднината и ќе донесете одлука која ќе биде најдобра за двајцата.

Ако присуствувате на склопување брак

Кога сонувате дека присуствувате на склопување брак на поранешниот партнер, тоа значи дека сè уште не сте го преболеле. Бевте убедени дека таа приказна е завршена, но овој сон го докажа спротивното.

Ќе ви биде уште потешко затоа што сте свесни дека многу работи во вашата врска не функционираа, а партнерот немаше намера да ги менува лошите навики.

Се откажувате од брак

Ако во сон се откажете од бракот, тоа означува добра заработка. Можно е навистина да се разведете и да ви припадне голем дел од имотот.

Бидејќи тој ќе ве асоцира на  лошите работи што се случија во бракот, ќе сакате да продадете сè. Вашиот партнер ќе смета дека тоа е неправда и ќе ви прави проблеми за да се откажете од вашите  намери.

Ако сонувате брак со непозната личност

Кога сонувате дека сте во брак со личност што не ја познавате, тоа значи дека би требало да размислите да го смените местото на живеење, работата или дури и сегашниот партнер. Ваквите соништа обично укажуваат на незадоволство од клучните животни одлуки. Можно е нештата на работа да не функционираат како што би сакале.

Ќе чувствувате дека претпоставениот не ве цени доволно или не сте задоволни со заработката. Во секој случај би требало да смените нешто што е можно поскоро за да не се повторуваат вакви соништа.

Ако сонувате брак со позната личност

Доколку сонувате дека сте во брак со личност од светот на филмот, музиката, забавата, спортот и слично, што сте ја виделе само во медиумите, тоа симболизира желба и самите да бидете јавна личност. Ве привлекува популарноста и признанието и би сакале со својата појава да предизвикате воодушевување кај другите.

Друга можност е дека неодамна сте ја виделе таа личност на телевизија или во весник и таа ви оставила силен впечаток.

Ако сонувате дека сте во брак со шефот/шефицата

Ваквите соништа најчесто имаат врска со вашите амбиции. Би сакале да напредувате на работа, но се плашите дека нема да дојдат до израз вашите квалитети. Затоа понекогаш ви се чини дека најдобро би било да сте блиски со претпоставените.

Мислите дека дури тогаш ќе ги почувствувате придобивките од својата работа и ќе ја добиете наклонетоста на работодавачите. Друга можност е дека вашиот шеф/шефица секојдневно да ве затрупува со задачи, па ви се чини дека  работата ви е втор дом, а тој/таа сопруг/сопруга.

Ако сонувате брак со најдобриот пријател/пријателка

Ако сонувате дека сте во брак со пријател или пријателка, тоа подразбира дека сте многу лојална личност која е секогаш подготвена да се жртвува за оние што ги сака. Ја цените истата особина кај луѓето кои ви се блиски, па затоа внимателно бирате со кого ќе го поминувате слободното време.

Можно е претходно да сте се „изгореле“ доверувајќи се на погрешни луѓе, па од тоа сте научиле како (не)треба  да се однесувате.

Ако сонувате дека некој ви понудил брак

Доколку мажена жена или женет маж сонува дека некој му понудил брак, тоа значи дека пред него/неа е една важна одлука што може да влијае на остатокот од неговото/нејзиното семејство. Веројатно станува збор за добра понуда за работа во странство која сте ја добиле, што значи одвојување од најблиските.

Со оглед на тоа дека очајно ви се потребни пари, можно е сопругот/гата да ве наговори да се согласите.

Ако сонувате дека вие некому сте понудиле брак

Во овој случај потсвеста ве предупредува на тоа дека е време да преземете одговорност за своите постапки. Ако сте во брак, тоа значи дека треба да го трошите своето време помудро, а ако сè уште не сте женети/мажени, конечно би требало да се одлучите на тој чекор.

Пронајдете ги причините зошто сонувате сонови со вакво значење, па ќе ви биде многу полесно да заклучите што треба да  правите.

Ако сонувате дека сте одбиле понуда за брак

Ако сонувате дека не сте прифатиле понуда за брак, тоа подразбира дека имате некоја морална дилема. Можно е таа директно да се однесува на партнерот или на  некоја друга блиска личност. Можеби сте му премолчеле нешто и сега не знаете како да се справите со тоа. Се плашите дека искреноста ќе го/ја повреди повеќе од незнаењето. И тоа веројатно е точно. Прашање е само до кога ќе можете да живеете со тоа.

Ако сонувате дека сте прифатиле понуда за брак

Ваквиот сон укажува на незадоволство во приватниот живот. Можеби партнерот не ги исполнува вашите очекувања или никако не можете да најдете заеднички јазик. Друга можност е имање проблем во комуникацијата со семејството. Постои јаз меѓу вас, кој станува сè подлабок поради недоразбирање.

Честопати се расправате за ситници и барате причини да „побегнете“ од дома. Време е да ја „спуштите топката“ и да научите да не реагирате на секоја забелешка или критика што другите ви ја даваат.

Брачен советник

Кога во сон ќе видите брачен советник, тоа подразбира дека би сакале да ги поправите лошите односи со партнерот или пријателите. Доколку, пак, разговарате со брачен советник, тоа значи дека вашата сакана личност ќе ви предложи да се разделите накратко. Предлогот нема да ви се допадне, но поради него/неа ќе се согласите.

Ако во сон се карате со брачен советник, тоа значи дека никако не можете да признаете дека не сте биле во право. Секоја расправија завршува така што вие се разбеснувате затоа што немате доволно аргументи.

Сон во кој се тепате со брачен советник симболизира љубомора, а доколку  сонувате дека сте убиле брачен советник, тоа значи дека ќе се откажете од својата сакана.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте стапиле во брак или сте се развеле, тоа сигурно ви оставило впечаток. Друга можност е да присуствувавте на нечие склопување брак, па тоа се одразило на вашата потсвест.

Дефиниција за брак

Бракот е верска, законска и социјална заедница меѓу две личности.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg