Додека трае сезоната на круши, лесно и брзо можете да подготвите еден поинаков десерт - пита со лиснато тесто и арома на цимет и путер.
Изрендан пилешки стек, во комбинација со зденка и компири, кој визуелно потсетува на италијанската фритата е совршена идеја за вашиот викенд ручек.
За сите љубители на принцес крофните имаме одличен рецепт за десерт - принцес ролат.
За сите оние кои обожаваат печива и мирис на тазе испечен леб - ова е совршен рецепт (особено во зима).
Ако сте љубител на мекици, не мора да чекате да се роди ново бебе, може да си ги и направите сами. Пронајдовме рецепт за домашни мекици, од тефтерите кои сигурно сите ги имате дома.
Од белките направете омлет, а жолчките можете да ги искористите за сладок крем од лимон.
За овој десерт ви требаат само 3 состојки - и трпение да се излади пред да го јадете.
Јајца Бенедикт се едно од најпопуларните јадења за доцен појадок или за бранч (оброк помеѓу појадокот и ручекот). Дали некогаш сте ги пробале?
Канапеи или фритата и чоколадно колаче што се прави во микробранова за десерт.
Еден од омилените десерти во целиот свет е топло-ладно. Дали и вие го нарачувате каде и да одите?
Ова е рецепт на кој љубителите на тестенини нема да можат да му одолеат.
Пица лепчиња или мешан зеленчук и колач во шолја за десерт – во микробранова печка можете да направите цел оброк.
Тортата се подготвува многу брзо, но мора да бидете трпеливи и да почекате неколку часа да се стегне пред да ја јадете.
Во прилепскиот крај еден од најпознатите специјалитети е питата со грав, а рецептот се пренесува од колено на колено.
Оризови галети, тестенини… рецепти кои нудат различни експериментирања во согласност со желбата и вкусот на вашето дете. Откријте ги и инспирирајте се!
„Користете свежи гранки од зимзелени дрва, шишарки, портокали и многу сијалички за да направите одлична атмосфера на празничната трпеза“, советува Давор Панчевски, познат како Dave’s Kitchen.
Елка направена од мини ролатчиња од зелени палачинки, корнети во форма на елка од полнети тортиљи и чоколадни залчиња со калинка во новогодишни форми - сите три се прават прелесно, а ќе ви ја разубават трпезата за празниците.
Претпразнична идеја за семеен ручек - сочно и вкусно пилешко, дополнето со компири и бел сос...