Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Потпечени таљатели со спанаќ и моцарела, по италијански рецепт

Ова е рецепт на кој љубителите на тестенини нема да можат да му одолеат. Ова може да биде вашиот неделен ручек...

potpecheni-taljateli-so-spanakj-i-mocarela-po-italijanski-recept-01.jpg

Некои јадења е доволно да ги пробате еднаш за вкусот да ви остане запаметен засекогаш.

Едно од нив е и овој италијански специјалитет - потпечени таљатели со спанаќ, моцарела и морско оревче.

Ако немате идеја што да зготвите деновиве за ручек, пробајте го.

Потребни состојки:

  • 250g таљатели
  • 500g спанаќ (може и замрзнат)
  • 125g моцарела
  • 80g пармезан
  • Малку маслиново масло

Бешамел сос:

  • 60g путер
  • 70g брашно
  • 1,5l млеко (отприлика)
  • Сол и морско оревче по вкус

Начин на подготовка:

  • Најпрво подгответе до бешамел сосот - стопете го путерот во тавче, па додајте ги брашното и млекото.
  • Кога ќе добиете кремаста смеса, додадете го спанаќот, а потоа зачинете со сол и морско оревче по вкус.
  • На дното на огноотпорен сад за печење ставете половина од бешамелот со спанаќ.
  • Врз него наредете ги таљателите (оставете ги во топчиња, не ги кршете), па врз нив ставете го преостанатиот бешамел.
  • Завршете до тркалца моцарела, врз кои ќе го наросите ренданиот пармезан.
  • Печете во загреана рерна на 180 степени околу 25-30 минути.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за божиќни путер колачиња Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...
Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за мекици, од домашниот тефтер на мајките и бабите Ако сте љубител на мекици, не мора да чекате да се роди ново бебе, може да си ги...
Рецепт за најубавите домашни принцес крофни Принцес крофните се подготвуваат толку безо и лесно, што ако ги направите еднаш,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg