Рецепт за сочно пилешко на медитерански начин, со потпечени компири

Претпразнична идеја за семеен ручек - сочно и вкусно пилешко, дополнето со компири и бел сос...

recept-za-sochno-pileshko-na-mediteranski-nachin-so-potpecheni-kompiri.jpg

Пилешките гради со моцарела и компири на медитерански начин се подготвуваат многу едноставно.

Ова е еден од оние рецепти кои ќе ги подготвувате често, бидејќи не одземаат премногу време, а се вистински деликатес и за домашните и за гостите.

Потребни состојки:

  • 800g - 1kg мали или средно големи компири
  • 1-2 парчиња моцарела
  • 1-2 домати
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажица путер
  • 200ml неутрална павлака
  • 2 лажички вегета
  • Морско оревче, сол и бибер по вкус
  • Рендан кашкавал за посипување
  • Масло, црвеен пишер и зачини за маринирање на пилешкото (по вкус)

Начин на подготовка:

  • Засечете ги парчињата пилешки гради  (но не до крај - како во видеото) па маринирајте ги со масло и црвен пипер, а по вкус додајте сенф, оригано, вегета, бибер или други зачини.
  • Можете да го оставите месото да отстои преку ноќ за убаво да ги впие зачините.
  • Доматите и моцарелата пресечете ги на тркалца, па вметнете ги наизменично во исечените места во пилешките пилешките гради.
  • Вака подготвените парчиња ставете ги во тава за печење обложена со хартија.
  • И компирите исечете ги на тенки тркалца, така што нема да ги пресечете до крај (видете го видеото).
  • Ставете ги да се варат во посолена вода 7-10 минути, но тргнете ги пред да се преварат.
  • И компирите ставете ги во тава за печење.
  • Подгответе го белиот сосот - растопете го путерот, додадете ја неутралната павлака, а потоа и лукот исечкан на ситни парленца.
  • Зачинете со вегета, сол, бибер и морско оревче и додадете рендан кашкавал (количината е по ваш вкус).
  • Кога ќе се спојат убаво, со сосот прелијте ги компирите.
  • Доколку имате место, печете ги одеднаш и компирите и местото на 200°C, околу 20 минути.
  • По 20 минути извадете ги компирите, посипете ги со изренданиот кашкавал и печете уште 10 минути, сега на 220°C, додека не поруменат.
  • Месото и компирите послужете ги додека се топли.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за божиќни путер колачиња Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Сочно пилешко во сос од сенф и кари Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите г...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg