Сочно пилешко во сос од сенф и кари
Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите гости, пробајте го овој специјалитет.
Пилешкото во кремаст сос со сенф и кари е јадење кое се подготвува релативно брзо, а специфичниот вкус ќе ве магепса.
Потребни состојки:
- 1-2 парчиња пилешко филе
- 1 главица црвен кромид
- 10g путер
- 2 чешниња лук
- 60ml бело вино
- 60 ml вода
- 2 лажички сенф
- 200ml неутрална павлака
- Сол, бибер, кари по вкус
- Малку ситно сечкан магдонос
Начин на подготовка:
- Исечете го пилешкото филе на тенки шницли, зачинете со сол и бибер и препржете го за да добие златножолта боја.
- Извадете го месото од тавата, а во неа ставете малку путер, кромидот исечкан на ситни коцкички и лукот.
- Пропржете ги на тивок оган за да заруменат.
- Додадете го белото вино, оставете малку да се динста, па ставете го и сенфот.
- Следна е неутралната павлака за готвење, а ако сосот ви е густ додадете до 60ml вода.
- Зачинете по вкус со бибер, сол и кари, па додадете го и ситно исечканиот магдонос.
- На крајот вратете го месото во тавата и оставете го да прокрчка уште неколку минути за да се спојат сите вкусови.
- Можете да го послужите со бел ориз или компири.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости
Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го оче...

Сочна паста со шери домати и фета сирење, во Air Fryer
Паста е секогаш одлична идеја, без оглед дали сакате макарони, шпагети или орзо....

Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок
Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...

Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари
Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...

Рецепт за руска салата за новогодишните празници
Ви нудиме рецепт за руска салата со точни состојки, за сите оние на кои домашнит...

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...