Сочна паста со шери домати и фета сирење, во Air Fryer

Паста е секогаш одлична идеја, без оглед дали сакате макарони, шпагети или орзо. А сосовите? Овој пат ви нудиме рецепт за брз сочен сос од домати и фета сирење.

sochna-pasta-so-domati-i-feta-sirenje-vo-air-fryer-01.jpg

Ако имате Air Fryer и ви се најават гости, или сакате да зготвите нешто набрзина, можете да ги пробате овие тестенини со вкусен сос од домати и фета сирење.

Сочно и вкусно...

Состоијките се за 4 лица:

  • 1 парче фета сирење (околу 200g)
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажиче оригано
  • Сол и црн пипер по вкус
  • Паста по избор
  • 70g сечкани сушени домати
  • Шери домати (едно пакување)
  • Свеж босилек, сечкан

Начин на подготовка:

  • Во силиконска основа за Air Fryer ставете го фета сирењето и шери доматите (не треба да ги сечете).
  • Додадете малку маслиново масло, оригано, сол и бибер, па оставете да омекне 20 минути на 180°C.
  • Откако ќе бидат готови, со виљушка изматете ги сите состојки и додадете малку сечкани сушени домати во сосот, па промешајте за да се спојат.
  • Во меѓувреме, сварете ги тестенините според упатството на пакувањето и исцедете ги од водата.
  • Додадете го сосот во варените тестенини, па украсете го со малку босилек и послужете ги топли.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сочно пилешко во сос од сенф и кари Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите г...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Брзи цвет банички со спанаќ и сирење Ако размислувате што вкусно и солено да подготвите викендов, можете да го пробат...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg