Брзо мезе: Ролат од тиквички (полнет со сè што сакате)
-->
Вкусно мезе на кое основата му се тиквички, а филот може да го направите по ваша желба.
Ролатот од тиквички може да биде одлично предјадење, мезе или додаток на главното јадење.
-->
Основата се тиквичките печени на скара или пропржени на грил тава, а филот може да биде по ваш вкус.
Овој рецепт е со рукола, шунка и топено сирење - се прави брзо и многу лесно.
Потребни состојки:
- 2 големи тиквички
- 150g топено сирење (или павлака + мајонез)
- 100g шунка
- 40g суви домати маринирани во масло
- 30g рукола
- ½ кора од лимон
Начин на подготовка:
- Тиквичките исчистете ги и исечкајте ги ленти, дебели 5-6mm.
- Испечете ги на скара или на грил тава, по неколку минути од двете страни за да се заруменат.
- Наредете ги тиквичките врз хартија за печење, малку да бидат една врз друга и формирајте два реда (како на видеото).
- Премачкајте ги со топеното сирење (ако ви е густо можете да го омекнете со 1-2 лажички млеко).
- Врз тоа наредете ја шунката, па руколата и над неа ставете исечкани парчиња суви домати.
- Најгоре изрендајте кора од половина лимон, за да му даде свеж вкус на мезето.
- Цврсто свиткајте ги тиквичките во вид на ролат заедно со хартијата за печење, па оставете го да се стегне во фрижидер еден час.
- Исечете го на подебели парчиња и послужете го.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Брз ролат со плазма и овошје (без печење)
Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Сочна паста со шери домати и фета сирење, во Air Fryer
Паста е секогаш одлична идеја, без оглед дали сакате макарони, шпагети или орзо....
Брз летен ручек: Полнети пиперки со фета сирење и сланина
Сте пробале ли полнети пиперки со сирење и сланина? Ако не, ова ќе ви стане омил...
Божиќните медењаци се традиција во мојот дом во Битола: Како се подготвуваат?
Божиќните медењаци се приготвуваат едноставно и брзо, а притоа се вистинска ужи...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза
Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...
Викенд рецепт: Сочно пилешко месо и зеленчук, како од ресторан
Како да подготвите цела кокошка, но без месото одвнатре да биде суво и жилаво? С...
-->
-->