Елка од ролати и уште 2 празнични рецепти за поубава божиќна трпеза

Елка направена од мини ролатчиња од зелени палачинки, корнети во форма на елка од полнети тортиљи и чоколадни залчиња со калинка во новогодишни форми - сите три се прават прелесно, а ќе ви ја разубават трпезата за празниците. 

elka-od-rolati-i-ushte-2-recepta-za-poubava-bozhikjna-trpeza-01.jpg

Покрај традиционалните специјалитети како печено месо, мрсна сарма, печени компири, руска салата и многу други вкусни јадења, оваа година збогатете ја трпезата. 

Ако сакате да вметнете и неколку убаво декорирани јадења во духот на божиќната сезона, ви предлагаме три лесни и едноставни рецепти. 

Две солени мезиња и едно прелесно благо кое се прави брзо и нема да ви ги промени многу плановите при подготовка на останатите главни јадења. 

Елка од ролати од зелени палачинки

Потребни состојки:

За палачинките:

  • 250mlмлеко
  • 75g спанаќ
  • 2 јајца
  • 3 мали лажички масло
  • 1 рамна мала лажичка шеќер
  • Прстофат сол
  • 100-200g брашно

За филот:

  • 200g котиџ или крем сирење
  • 1 мала црвена пиперка
  • 1 мала жолта пиперка
  • Снопче свеж копар или друго зеленило

Начин на подготовка:

  • Ставете ги во длабок сад сите состојки за палачинките, освен брашното и измешајте ги со рачен блендер (или ставете ги во блендер) додека не се соедини смесата.
  • Потоа додавајте постепено брашно и блендирајте додека не добиете соодветно густа смеса (не мора да го ставите цело брашно).
  • Испечете ги палачинките од двете страни во нелеплива тава.
  • Исечкајте ги пиперките на ситни коцки и измешајте ги во сад заедно со сирењето и копарот додека не добиете соединета кремаста смеса.
  • Намачкајте ги сите палачинки целосно со филот, замотајте ги во ролни и пресечете ги на подебели кругови.
  • Круговите од ролатот наредете ги на даска во форма на елка.

Кликнете на видеото за да ја погледнете постапката:

Елки од тортиља корнети

Потребни состојки:

За корнети:

  • 6 парчиња тортиља
  • 1 јајце за премачкување
  • Сусам за наросување

За фил:

  • 300g пилешко филе, варено и ситно сечкано на конци
  • 400g шампињони, пржени и ситно сечкани
  • 50g ореви, мелени или ситно сечкани
  • 2 јајца, варени и рендани
  • 1-2 чешниња лук
  • Павлака – неколку лажици за соединување на состојките
  • Свеж копар

Начин на подготовка:

  • Пресечете ги тортиљите на половина и замотајте ги како корнет, а на крајчето намачкајте малку јајце за да се залепи.
  • Наредете ги корнетите во чинија, премачкајте ги со јајце и наросете сусам.
  • Ставете ги во сад сите состојки за филот и добро измешајте со павлака додека не се соединат во кремаста смеса.
  • Наполнете ги корнетите со филот, со натапкување и измазнување на смесата најгоре.
  • Горниот слој извалкајте го во свеж копар додека не се налепи соодветна количина и наредете ги во чинија за послужување.

Кликнете на видеото за да ја погледнете постапката:

Чоколадни залчиња со калинка во новогодишни форми

Потребни состојки (освен силиконски калапи):

  • 2 млечни чоколади (може едното да биде бело, другото темно)
  • 1 голема калинка, исчистена
  • 100g мелени лешници
  • Малку кокос или морска сол за наросување

Начин на подготовка:

  • Стопете ги чоколадите на пареа, во посебен сад доколку имате и бела чоколада.
  • Истурете неколку лажици од стопеното темно чоколадо во калапите за да формирате убав слој, наросете малку лешници и ставете во замрзнувач 10 минути.
  • Одозгора додадете уште неколку лажици од стопеното бело чоколадо (или повторно од темното ако не користите две различни).
  • Врз стопеното чоколадо ставете зрна калинка насекаде, благо притиснати и најгоре наросете од солта или кокосот, кои ќе имитираат снегулки.
  • Замрзнете уште 15 минути и извадете ги од калапите, па сервирајте во убава чинија.  

Кликнете на видеото за да ја погледнете постапката:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На божиќна трпеза кај Dave’s Kitchen: 6 вкусни рецепти на кои нема да им одолеете „Користете свежи гранки од зимзелени дрва, шишарки, портокали и многу сијалички ...
Рецепт за мини палачинки со Нутела – ги обожаваат и децата и возрасните Како да ги подготвите популарните мини палачинки со Нутела, на кои децата не мож...
3 рецепти за велигденската трпеза од кујната на Давор (Dave’s Kitchen) Пилиња од урда, милиброд со џем, пилешко со кари во лиснато тесто - интересни и ...
Два рецепта за сочно роловано пилешко во Air Fryer Постојат илјадници различни начини на кои можете да подготвите пилешко, а меѓу н...
Брзи празнични колачи со кои ќе ја разубавите новогодишната трпеза Без оглед дали за празничните денови ќе бидете сами, со семејството или ќе имате...
Рецепт за јагнешко месо, полнето со фета сирење и спанаќ – по грчки рецепт Традиционално, јагнешкото месо е задолжително на велигденската трпеза, а годинав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg