Два рецепта за сочно роловано пилешко во Air Fryer

Постојат многу различни начини на кои можете да подготвите пилешко, а меѓу нив е и ролованото пилешко во пршута, со разни додатоци...

dva-recepta-za-sochno-rolovano-pileshko-vo-air-fryer-01.jpg

За вкусовите на храна не се разговара, нели? Но кога е во прашање подготовката на пилешкото филе, тогаш некаде на самиот врв на листата „најдобри рецепти“ е ролованото полнето пилешко месо.

Овој пат, ви нудиме два различни рецепти за пилешко роловано во пршута, кои се подготвуваат брзо, а месото се пече во Air Fryer.

Пилешко со спанаќ

Потребни состојки:

  • 2 поголеми парчиња пилешки гради
  • 8 тенки резанки пршута
  • Малку рендан пармезан
  • Сол, бибер, грчки зачини со лук
  • 400g спанаќ

Начин на подготовка:

  • Парчињата пилешко филе пресечете ги по должина на половина.
  • На работна површина ставете 2 парчиња пршута (можете сланина, ако сакате повеќе) малку да се преклопуваат едно со друго.
  • Врз нив ставете го пилешкото, па додадете ги зачините - солта, биберот и грчкиот зачин со лук, па најгоре наросете малку рендан пармезан.
  • Спанаќот ставете го 30-тина секунди во жешка вода што врие, па тргнете го на страна и исцедете го убаво од течноста.
  • Поделете го на 4 еднакви дела и ¼ од спанаќот ставете го врз пармезанот.
  • Свиткајте го во вид на ролат, па фиксирајте го со дрвени стапчиња за „увијачи“.
  • Повторете ја постапката со останатите 3 парчиња пилешко филе.
  • Печете во Air Fryer 20 минути на 200 степени (или на програмата за пилешко), а ако треба извадете ги малку порано или печете уште неколку минути додека да се зацрвени пршутата, а пилешкото да е меко.

Видео постапка:

Пилешко со моцарела

Потребни состојки:

  • 1 поголемо парче пилешки гради
  • 4 тенки резанки пршута
  • 2 лажици песто
  • Сушен мариниран домат
  • 1 топка моцарела
  • Неколку ливчиња свеж босилек

Начин на подготовка:

  • Парчето пилешко филе пресечете го по должина на половина.
  • На работна површина ставете 2 парчиња пршута (можете сланина, ако сакате повеќе) малку да се преклопуваат едно со друго.
  • Врз нив ставете го пилешкото, па премачкајте го со 1 голема лажица песто сос.
  • Преку тоа ставете неколку парчиња сув мариниран домат.
  • Моцарелата пресечете ја на половина и ставете ја врз доматите.
  • Најгоре ставете 2-3 ливчиња свеж босилек, па свиткајте го пилешкото во вид на ролат.
  • Повторете ја постапката и со второто пилешко филе.
  • Печете во Air Fryer 20 минути на 200 степени (или на програмата за пилешко), а ако треба извадете ги малку порано или печете уште неколку минути додека да се зацрвени пршутата, а пилешкото да е меко.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Сочно пилешко во сос од сенф и кари Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите г...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg